Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци во оваа година, а осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра, односно 20 отсто повеќе од лани. Најголем раст на број на исплатени штети има кај приватно здравствено осигурување и тоа за 68 отсто во однос на истиот период лани. Според официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), бројот на наплатените штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава е за 15 отсто поголем во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети…
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „Наколец“ е осум сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), а на Охридско Езеро е еден сантиметар над дозволениот…
Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи јубилејното 20-то издание на ОФФест. Како што најавија од Скопскиот џез фестивал, планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, како една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”, посветен на култната кралица на фадото, соопштија од Скопскиот џез фестивал. Посочуваат дека мистичниот минимализам, имагинарниот фолк…
Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на Националната установа филхармонија на Република Северна Македонија за 2020 година. Како што наведува ДЗР извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Национална установа Филхармонија на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (603) за 2020 година. Со извршената ревизија за 2020 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи…
Со договорите за метан и против уништување на шумите, климатската конференција во Глазгов нуди надеж по песимистичкиот почеток, пишува „Њујорк тајмс“. Светските лидери собрани во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени. Во исто време, до крајот на конференцијата се водат уште потешки преговори за изнаоѓање на начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го заврши своето учество на Форумот, рече дека САД ветиле партнерство со ранливите земји во борбата против климатските промени. Тој, исто така, изрази уверување дека…
Вчера на територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 144 мерки од кои 42 за возење над дозволената брзина. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека од вкупниот број на изречени санкции, 19 се однесуваат за возење без возачка дозвола, четири за минување на црвено светло, 53 мерки за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од првото место на листата со најгледани содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја сподели веста на Твитер. „Армијата на крадци“ е број еден во повеќе од 90 земји, напиша тој. Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност. https://www.youtube.com/watch?v=Ith2WetKXlg&t=5s
Времето утрово ќе биде со појава на магла и ниска облачност, а преку ден ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието, и повремено засилен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 17 степени. Во следните…
Инцидент во Банги: Претседателската гарда на Централноафриканската Република рани 10 мировници на ОН
Претседателската гарда на Централноафриканската Република (ЦАР) отвори оган врз мировници на Обединетите нации (ОН) во главниот град и рани 10 од нив, потврди мисијата на ОН. Мисијата на ОН соопшти дека во инцидентот кој „се чини како намерен и неоправдан напад“, во престрелка се ранети десет невооружени мировници на ОН од Египет, за што се одговорни членовите на претседателската гарда во главниот град на ЦАР. Египетските мировници припаѓаат на мисијата на ОН во таа земја, а ОН соопштија дека мировните сили „без претходно предупредување биле под силен оган од претседателската гарда“. Во моментот на нападот, мировниците се упатиле кон нивната…
„Кај нас национализмот и националистичкиот фолклор, за жал, се користи за гол популизам. Навистина ми е жал што ова ни се случува“, кажа градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на „Топ тема“ на Телма, коментирајќи ги конститутивните седници на советите на кои се користи старото име на државата. И на конститутивната седница на советот во Валандово имаше таков обид за протуркување на старото име, поради што сметам дека ваквите настани се оркестрирани“, рече Костадинов. Тој додаде дека градоначалниците мора да ги почитуваат законите, бидејќи во иднина ќе треба да се потпишуваат и плати и документи со уставното име и со нов…
Компанијата „Фајзер“ денеска објави дека очекува продажбата на вакцината против ковид-19 што ја разви со германскиот партнер „БајонТек“ да достигне 36 милијарди долари до крајот на оваа година и уште 29 милијарди долари до 2022 година. Американскиот производител на лекови најави дека се обидува да потпише повеќе договори за вакцини со други земји кои би можеле да започнат со поголема продажба во текот на 2022 година. Повеќето дози се очекува да бидат продадени на земјите со високи приходи, кои плаќаат повеќе за вакцини, што се вклопува во планот на „Фајзер“ да ја поврзе цената на нивната вакцина со способноста на…
Талибанците денеска најавија дека целосно ќе забранат употреба на девизи во Авганистан. Економската ситуација и националните интереси на земјата ја наложуваат потребата од користење на домашната валута од сите Авганистанци при секое тргување, соопшти еден од портпаролите на талибанците, пренесува „Ројтерс“. Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека при тргување во граничните подрачја се користат валути на соседните земји како што е Пакистан. Портпаролот на талибанците, Мухамед Сухаил Шахин на 29 октомври ја повика меѓународната заедница да обезбеди 1,2 милијарди долари за материјална помош, сума што беше ветена за земјата на Самитот на Г20. Шахин, кој…