Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите со забелешки за лидерите на конференцијата за климатски промени: Доаѓаат со авиони на фосилни горива, користат лимузини, а зборат за спас на планетата

0
By Sashko on November 3, 2021 СВЕТ
Фото: aljazeera.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 10:22

Со договорите за метан и против уништување на шумите, климатската конференција во Глазгов нуди надеж по песимистичкиот почеток, пишува „Њујорк тајмс“.

Светските лидери собрани во Глазгов постигнаа договори за намалување на емисиите на метан и запирање на уништувањето на шумите, зголемувајќи ги напорите за борба против климатските промени. Во исто време, до крајот на конференцијата се водат уште потешки преговори за изнаоѓање на начини за избегнување на катастрофалното глобално затоплување.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој го заврши своето учество на Форумот, рече дека САД ветиле партнерство со ранливите земји во борбата против климатските промени. Тој, исто така, изрази уверување дека неговата домашна климатска агенда ќе биде одобрена од американскиот Конгрес, и покрај тешкотиите со кои се соочува.

Според Бајден, конференцијата го вратила лидерството на САД за прашање што тој го идентификуваше како егзистенцијална закана за човештвото. Претседателот рече дека Америка ќе продолжи да ги следи се поамбициозните климатски цели. Најзначајните договори што беа постигнати вчера во Глазгов се однесуваат на области во кои, според него, САД имаат намера да дејствуваат решително, како намалување на емисиите на метан и заштита на шумите ширум светот, нагласува „Њујорк тајмс“.

Бајден ги критикуваше претседателите на Кина и на Русија за неуспехот да им се придружат на другите лидери на конференцијата. Според него, на овој начин тие се откажале од можноста да имаат глобално влијание, пишува „Волстрит џурнал“.

Бајден користи големи количини на фосилни горива за борба против климатските промени, објави „Вашингтон тајмс“. Претседателот беше обвинет за лицемерие за неговата колона од 85 автомобили, кои пристигнаа на самитот на Г20 во Рим за време на викендот, а потоа и за неговата поворка од 21 автомобил на неговото патување од Единбург до Глазгов за климатската конференција, посочува изданието.

Придружбата на Бајден, наводно, вклучувала четири авиони и хеликоптер, што го натера сенаторот Џон Барасо од Комитетот за енергија и природни ресурси на Сенатот на САД да покрене прашања за јаглеродниот отпечаток на американската влада. Републиканецот испрати писма до високи владини функционери, прашувајќи колку вреди конференцијата за даночните обврзници, колкав е бројот на директори и придружниот персонал што присуствуваа на конференцијата и какво е влијанието на нивното патување во однос на емисиите на стакленички гасови.

Конференцијата, наводно, довела до „сообраќаен метеж“ на приватни авиони.

Британскиот печат проценува дека повеќе од 400 нееколошки приватни авиони донеле високи функционери и познати личности на форумот во Глазгов. Некои од нив потоа се качија во лимузини за да стигнат до местото на конференцијата.

„Дејли Мејл“ забележува дека, според најскромните проценки, приватните авиони кои пристигнуваат на конференцијата ќе согорат вкупно 13.000 тони јаглерод диоксид, што е еквивалентно на повеќе од 1.600 Британци кои трошат во текот на годината.

Наметнувањето на меѓународна цена на јаглеродот може да ги намали глобалните емисии на стакленички гасови за 12 отсто, што ќе чини помалку од 1 отсто од светскиот бруто домашен производ, се вели во извештајот на Светскиот економски форум и „Прајсвотерхаус Куперс“, цитиран од весникот „Гардијан“. Според извештајот, оданочувањето на загадувањето би чинело помалку од економските загуби предизвикани од ефектите од климатската криза, пишува весникот.

Глазгов Забелешки климатски промени конференција медиуми Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.