Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата – КОД, Горан Благоев во изјава за БНТ, коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија, вели дека се неопходни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се наоѓаат на точка на замрзнување. Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, оценува и дека само со историја не може да се живее. Проблемот со Северна Македонија е дека се говорат многу невистини. Тврдењето дека нема македонско малцинство во Бугарија е всушност неточно. Во Бугарија има луѓе со македонски идентитет, што е наметнат од поранешната Бугарска комунистичка…
Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот „забрзано се движи кон климатска катастрофа“, додавајќи дека лидерите на богатите земји од Г20 мора да направат повеќе во многу области за да им помогнат на посиромашните земји. Говорејќи пред самитот на лидерите на Г-20, кој утре и задутре се одржува во Рим, Гутереш изјави дека постои „опасно ниво на недоверба“ меѓу големите сили. Тој изрази надеж дека претстојниот дводневен состанок ќе помогне да се надмине тоа. Гутереш ја повика Г-20 да насочи повеќе пари за сиромашните нации, вклучително и преку простување на долгови и да им помогне…
Грција ги потврди првите случаи на сојот Делта+ што се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина. Од 384 потврдени случаи за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на Делта+, што воедно се и први потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Делта+ сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се потврдени и во Данска, во Германија, во САД, во Израел и во Русија. Кипар во понеделникот пријави дека и на островот се потврдени првите два случаи на заразени со овој сој. Во светот, Делта+ сојот…
Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 година. Но, изборите во двете земји не придонесуваат за решение, оцени денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Тој изрази жалење што не се успеа до завршницата на изборниот процес и кај нас и во Бугарија да биде заштитено ова прашање од дневнополитичките напади и од…
Систем за производство на електрична енергија од сонце ќе се гради на покривот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Зад проектот стојат ЕСМ и ГТЦ, а фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор што во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопшти АД ЕСМ. Со изградба на фотоволтаиците на покривот на ГТЦ, како што се посочува, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен…
Американскиот Стејт департмент објави дека руската влада одобрила голем број на барања на американските авиокомпании за летови, но некои карго и патнички авиокомпании бараат повеќе одошто е случај во моментот. Овој месец трговската организација, која ги претставува главните американски превозници на патници и карго, побара од Стејт департментот итно да одговори на потребите на авиокомпаниите и да ги обезбеди правата за летање над рускиот воздушен простор. Во писмото од 14 октомври, „Ерлајнс за Америка“, што ги застапува „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ и други компании, побара од државниот секретар Ентони Блинкен да интервенира, предупредувајќи дека без таква акција, нивниот…
Автомобилите во Србија од 1 јануари во 2022 година ќе се оданочуваат според годината на производство наместо по кубикажа, најави министерот за финансии, Синиша Мали.. Заедно со предлог-буџетот за 2022 година, пред вас ќе имате предлози за изменување и дополнување на законот за сопственост и пренос на апсолутни права, кои ќе предложат како да се реши овој проблем, бидејќи имавме многу коментари од граѓаните и од други за кои постоечкото решение не е логично, рече Мали. На пратеничко прашање дали може да се примени поправеден модел при оданочување на возилата наместо постоечкиот, бидејќи се случува износот на данокот да ја…
Кинеската компанија „Евергранде“ повторно избегна банкрот, откако денеска плати 47,5 милиони долари на име доспеани камати на офшор обврзници. Минатата недела, компанијата во последен момент плати и камата од 83,5 милиони долари на странски обврзници. „Евергранде“, некогаш најдобрата градежна компанија и продавач на недвижности во Кина, должи околу 300 милијарди долари и големо прашање е дали ќе може да обезбеди ликвидност. Тоа предизвикува загриженост за влијанието на неговата судбина врз втората по големина економија во светот, како и на глобалните пазари, пренесува „Гардијан“. „Блумберг“ и „Њујорк тајмс“ објавија дека извори со директно знаење за ова прашање ја потврдиле исплатата. „Блумберг“…
Бруто домашниот производ на Франција порасна за три отсто во третиот квартал од 2021 година и ги надмина пазарните прогнози, благодарение на силната приватна потрошувачка и експанзијата на извозот, покажуваат прелиминарните податоци на Националната статистичка служба INSEE објавени денеска. Во истражување, 24 аналитичари предвидоа раст на втората по големина европска економија од 2,1 отсто. Министерот за финансии Бруно Ле Мер за радио „Франс Инфо“ изјави дека ова е „исклучителен резултат“ кој покажува дека економијата се движи во вистинската насока. Според соопштението на INSEE, растот во третиот квартал значи дека француската економија е блиску до достигнување на нивоата пред избувнувањето на…
Тедрос Аданом Гебрејсус е на добар пат да добие втор петгодишен мандат на чело на Светската здравствена организација (СЗО), како единствен кандидат номиниран од 28 земји, открија денеска западни дипломати. Дипломатите се повикаа на писмо испратено од СЗО до нејзините 194 членки и ги информираа за доверливите номинации содржани во запечатените пликови што биле доставени кон крајот на септември. Британските медиуми наведуваат дека членките на ЕУ и три африкански земји се меѓу 28-те земји што го номинираа за старо-новата функција. Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, запрашана на брифинг во Женева за номинациите, претходно кажа дека Агенцијата на ОН ќе издаде…
Странските медиуми, повикувајќи се на неименувани севернокорејски извори, објавија дека за надминување на економската криза и недостигот на храна, официјален Пјонгјанг почнал со печатење на купони наместо пари. Меѓународните набљудувачи тврдат дека прехранбената и економската ситуација во Северна Кореја е тешка и оти има сигнали делка земјата ја зголемува трговијата и добива голема хуманитарна помош преку Кина. Јужнокорејската разузнавачка служба на вчерашното парламентарно сослушување зад затворени врати соопшти дека севернокоресјкиот лидер Ким Џонг-ун издал наредба за зачувување на секое зрно ориз. Според јужнокорејската агенција Северна Кореја презема и чекори за повторно отворање на границата со Кина и со Русија во…
На денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска ја излажа јавноста и којзнае што се друго крие. „Објавените документи докажуваат дека Арсовска ја излажа јавноста. Таа има бугарско државјанство и бугарски документи и не е важно како таа се чувствува, туку зошто крие“, рече Кузеска. Во продолжение обраќањето на Кузеска: „Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска. Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина. Објавените документи покажуваат дека Данела Арсовска…