Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Горан Благоев, кандидат за претседател на Бугарија: Неточно е тврдењето дека нема македонско малцинство во Бугарија

0
By Sashko on October 31, 2021 РЕГИОН
Фото: tribune.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 31, 2021 19:09

Кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата – КОД, Горан Благоев во изјава за БНТ, коментирајќи ги односите меѓу Скопје и Софија, вели дека се неопходни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се наоѓаат на точка на замрзнување.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, оценува и дека само со историја не може да се живее.

Проблемот со Северна Македонија е дека се говорат многу невистини. Тврдењето дека нема македонско малцинство во Бугарија е всушност неточно. Во Бугарија има луѓе со македонски идентитет, што е наметнат од поранешната Бугарска комунистичка партија, која управуваше 45 години, рече Благоев.

Благоев го поставува и прашањето зошто на средбата кај претседателот на Бугарија, Румен Радев имало луѓе кои претставуваат само една гледна точка, алудирајќи на средбата во Софија на шефот на бугарската држава со претставници на здруженија на Бугарите во Северна Македонија.

Според Благоев, во тој контекст, не треба да се зборува за бугарско малцинство во Северна Македонија, туку Бугарија треба да ги брани индивидуалните права на секој бугарски државјанин кој има бугарски идентитет.

Тој оценува дека впишувањето на Бугарите како посебна етничка група ќе даде, како што вели, „основа за претензии за македонско малцинство во Бугарија од страна на Република Северна Македонија“.

Благоев го постави прашањето што се случува со лажните вести за наводното уништување на бугарските воени гробишта во близина на Кавадарци за коишто се утврди дека се уништени за време на Кралството Југославија во 30-те години на 20 век, оценувајќи оти таквите работи „предизвикуваат непријателството да биде посилно, а разумот да исчезне“.

Бугарија Горан Благоев Договор лажни вести Македонија односи регион спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.