Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува на редовните физички подготовки на дел од армиските единици кои се одвиваат на Воениот стадион-Скопје. Како што соопшти Министерството за одбрана, на настанот ќе биде промовирана и новата спортска опрема, која што се состои од 6.800 комплети горни и долни тренерки, атлетски патики и спортски торби.
Во пресрет на вториот круг од локалните избори во недела, управните служби во општините каде што ќе има гласање ќе работат и утре и задутре со цел да се излезе во пресрет на граѓаните да можат да подигнат лични карти. Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивен состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот. Како што информираа од МВР, од подрачните единици на Отсекот за…
„East Gate Mall“, најголемиот трговски центар во земјава, ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на 220 локални и интернационални брендови, а комплексот располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали. Обезбеден е паркинг простор за околу 2.000 возила и ќе биде единствен мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови. Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем, на само пет минути од центарот на Скопје. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители…
Од почетокот на имунизацијата против ковид-19 во Македонија, досега се вакцинирани вкупно 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 лица, а трета доза примиле 24.021. Или во проценти, во земјава се вакцинирани 38 отсто од целата популација додека 35 отсто се ревакцинирани. Според податоците на Министерството за здравство (МЗ), заклучно со 27 октомври, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од лицата од 18 до 39 години примиле барем една доза на вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина кај полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над…
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветар. Во утринските часови, на места во котлините, ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени. Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра.
Хакерската група „Стапот на Мојсеј“ составена од ирански граѓани тврди дека извршила напад врз израелското Министерство за одбрана. Хакерите тврдат дека се инфилтрирале во повеќе од 165 сервери и 254 веб-страници, акумулирајќи повеќе од 11 терабајти податоци, вклучувајќи ги и оние на Израелската пошта, израелското Министерство за одбрана, информации поврзани со министерот за одбрана, Бени Ганц, компанијата „Електрон Цилаг“ и корпорацијата „Епсилор“. Ве набљудуваме многу години, во секое време и на секој чекор. Сите ваши одлуки и изјави се под наш надзор. На крајот ќе ве удриме кога воопшто не ги очекувате, се наведува во соопштението на хакерската група „Стапот…
Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) е против идејата за Светско првенство на секои две години. Нема причина, предност или оправдување за промените што се предложени од ФИФА, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на КОНМЕБОЛ. Во таа насока, десет земји членки на КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на Светско првенство што би се организирало на секои две години. Алчноста на ФИФА може да го подели фудбалскиот свет. Предметниот проект ѝ го сврте грбот на речиси 100-годишната традиција на светскиот фудбал, игнорирајќи ја историјата на еден од најважните спортски настани на планетата. КОНМЕБОЛ го поддржува тековното Светско првенство,…
Високата претставничка на Обединетите Нации (ОН) за човекови права, Мишел Башеле денеска ги повика земјите да дејствуваат решително во решавање на проблемот со климатските промени, нагласувајќи дека тоа е „прашање за опстанокот“ на човештвото. Во изјавата пред климатскиот Самит на ОН во наредната недела во Глазгов, високата претставничка рече дека „само итна, приоритетна акција може да ублажи или спречи катастрофи што ќе имаат огромни, а во некои случаи и смртоносни, последици што ќе влијаат на сите нас, особено на нашите деца и внуци“. Башеле ги повика владите кои учествуваат на самитот од 31 октомври до 13 ноември да ги исполнат…
Рекордните цени на гасот го загрозуваат економското закрепнување на Европа, изјави денеска извршниот директор на руската нафтена компанија „Росњефт“, Игор Сечин. Ваквото ниво на цените, секако, го загрозува закрепнувањето на европската економија. Рекордните цени станаа показател за шокот што го доживеа Европа, нагласи Сечин на 14. Евроазиски економски форум во Верона. Тој на сесијата „Структурни промени во економијата и иднината на енергетиката“, одржана во рамки на форумот, рече дека ограничените можности за производство на електрична енергија со помош на алтернативни извори доведоа до рекордни цени на природниот гас. Според него, долгорочните договори обезбедуваат одредена стабилност на пазарот на гас, но…
Министерство за трговија на САД: Националниот дефицит во септември е зголемен на 96 милијарди долари
Надворешно-трговскиот дефицит на САД во септември се зголеми за 9,2 отсто поради падот на извозот, што сугерира дека трговијата најверојатно ќе има негативно влијание врз стапката на економски раст за третиот квартал. Дефицитот во трговската размена на САД со светот во минатиот месец достигна 96,3 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија. Извозот на стоки е намален за 4,7 отсто, а увозот за 0,5 отсто. Извештајот, објавен пред податоците за бруто домашниот производ во третиот квартал, исто така, покажува дека залихите на големо паднале за 1,1 отсто во септември, додека залихите на мало паднале за 0,2 отсто, поттикнати од остриот пад…
Зголемен обем на тестирања и нов режим за работа на болниците во Хрватска што значи дека сите поголеми Клиники во Загреб до понеделник ќе бидат ковид центри, соопшти експертската група во рамки на тамошното Министерство за здравство по порастот на бројот на нови случаи на коронавирус. Националните здравствени авторитети, како што пренесуваат хрватските медиуми, вчера пријавија 4.571 нови позитивни случаи од кои 1.207 се хоспитализации, 153 пациенти се приклучени на респиратор додека починаа 26 лица. На состанокот на експертската група била договорено и диспечерска служба во рамки на Итната помош во Загреб која 24 часа на ден ќе ја следи…
Германски крузер, кој е на крстарење по Дунав, заврши во карантин крај Виена, откако во него е регистриран голем кластер на инфицирани патници со ковид-19. Според виенскиот Кризен штаб, на пловниот објект со 178 патници се дијагностицирани 80 позитивни наоди на коронавирус, поради што сите туристи, вклучително и екипажот, завршија во карантин и со забрана за напуштање на бродот. Крузерот отплови од германскиот град Пасау, а заразените патници биле откриени при тест на дел од нив кои изразиле желба за прошетка низ Виена. Од Виенскиот кризен штаб посочуваат дека се работи на изнаоѓање на решение за враќање на патниците во…