Author: Sashko

Во Србија во последните 24 часа се евидентирани нови 6.948 новозаболени со ковид-19 од 24.490 направени тестови додека починаа 64 пациенти како последица на компликации од вирусот. На респиратори низ српските болници се приклучени 277 лица, а вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 6.791. Од почетокот на пандемијата, во Србија се направени 6.230.395 милиони тестови на примероци за коронавирус, а инфекцијата е потврдена во 1.118.905 милиони случаи.

Read More

За првпат досега, „Мајкрософт“ оствари квартален профит од над 20 милијарди долари, при што приходите на компанијата се зголемија за 22 отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Нето добивката на „Мајкрософт“ за периодот јули-септември, односно во првиот квартал од фискалната година изнесува 20,5 милијарди долари, што е за четири милијарди долари повеќе од рекордната добивка што беше забележана во претходниот период, пишува „Маркетвоч“. Прилагодената заработка по акција беше 2,27 долари, додека аналитичарите анкетирани од компанијата за собирање и обработка на финансиски податоци, Refinitiv, најавуваа дека ќе биде 2,07 долари по акција. „Мајкрософт“ во извештајот забележа дека околу 3,3 милијарди долари…

Read More

Американската регулаторна управа за комуникации ја одзеде дозволата за работа на „Чајна Телеком“ во САД поради загриженост за националната безбедност. Одлуката на американската Федерална комисија за комуникации значи дека „Чајна Телеком“ сега мора да ги прекине американските услуги во рок од 60 дена. Најголемата кинеска телекомуникациска компанија има лиценца да обезбедува телекомуникациски услуги во САД речиси 20 години. Последната информација нагло ја симна вредноста на акциите на кинеските технолошки компании на американските берзи, но и во Хонг Конг. ФКК утврдиле дека Чајна Телеком е „предмет на експлоатација, влијание и контрола од страна на кинеската влада и веројатно ќе биде принуден…

Read More

Врховниот суд на Европската Унија (ЕУ) ѝ наложи на Полска да плаќа казна по еден милион евра дневно поради непридржување на европската пресуда за реформа на правосудството во Варшава, јавуваат светските медиуми. Според соопштението на Европскиот суд на правдата, причина за таквиот потег е досегашното одбивање на земјата да ги спроведе одлуките на највисоките судски инстанци за контроверзните реформи во правосудството. Конкретно, станува збор за за налог за запирање на работата на спорното дисциплинско тело за санкционирање на судии. Според пресудите на Европскиот суд на правдата, таквата активност не е компатибилна со правилата на ЕУ за независност и непристрасност на…

Read More

Пожарникарите во Австрија се борат со најголемиот пожар во историјата на земјата. На територијата на Нојнкирхен, во Општина Хиршванг, беснее пожар против кој во моментот се борат над 300 пожарникари, а во гасењето се вклучени и хеликоптери на армијата и на полицијата. Дополнителни проблеми им задава силниот ветар, па пламените јазли се закануваат да зафатат и делови од шумата во планината Ракс. Станува збор за најголемиот пожар што некогаш се случил во Австрија, истакна Франц Респергер од противпожарната команда на покраината Долна Австрија. Пожарот се шири екстремно брзо и од пет хектари за само 10 часа се прошири на повеќе…

Read More

Хрватска денеска бележи рекорден број на инфекции на дневно ниво во четвртиот бран на пандемијата на ковид-19. Како што објави индекс.хр, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 4.571 случај на коронавирус од 13.083 тестови и 26 починати лица. Уделот на позитивните наоди во однос на бројот на тестирани примероци е 34,93 отсто. Бројот на активни случаи на ковид-19 во Хрватска во моментот е 20.645 од кои 1.207 пациенти се наоѓаат на болничко лекување од кои 153 се приклучени на респиратор. Хрватска вчера пријави 3.360 нови случаи и 30 починати пациенти.

Read More

Сунао Цубои, кој ја преживеа американската атомска бомба врз Хирошима и подоцна стана истакнат активист за нуклеарно разоружување, а оствари и средба со Барак Обама во 2016 година, почина на 96-годишна возраст. Веста ја соопштија од групата на заштитници на човекови права чиј член беше и тој. Во 1945 година, кога САД го извршија првиот напад со нуклеарна бомба, Цубои, тогаш во своите рани 20-ти, бил на пат кон инженерското училиште. Имав изгореници по целото тело. Гол, на 6 август се обидував да бегам околу три часа, но на крајот не можев веќе ни да одам, изјави тој во 2016…

Read More

Министерството за одбрана на Русија се пофали со акција на неговите маринци крај западниот брег на Африка. Во веста што е објавена на интернет сајтот се тврди дека се избркани пирати кои закале да заземат брод што превезувал контејнери со производи и притоа е спасен екипажот. Руското Министерство вчера објави дека разорувачот „Владимир Кулаков“ вчера добив повик за помош од контејнерскиот брод „МСЦ Лусија“, кој пловел под знамето на Панама во залив меѓу Того и Камерун, крај западниот брег на Африка. https://www.youtube.com/watch?v=Sx47_wfV9Gw Наводно вооружени пирати со глисери стигнале до бродот, при што екипажот се сокрил во машинското одделение. Од рускиот…

Read More

Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон „Империјал II“. На манифестацијата, што ќе се одржи шести пат , ќе учествуваат афирмирани и млади писатели на кои им се дава можност да ја претстават својата уметност со новосоздадени книги, со што им се овозможува афирмирање и истовремено вршејќи едукативна функција. Ќе се одржат и музички настапи на реномирани музичари како и претставување на активното здружение Book Club-Shkupi. Ќе се чита на македонски, на албански и на други јазици. Проектот „Скопје чита” го подготви поетесата Линдита Ахмети.

Read More

Заменик-градоначалникот на Пекинг, Џан Џиандун изјави дека отворањето на Олимпиското село за Игрите во 2022 година е закажано за 27 јануари 2022 година. Официјалното отворање на Олимпиското село ќе се случи на 27 јануари наредната година за да ги пречека спортистите од целиот свет. На 2 февруари ќе тргне штафетата на олимпискиот факел, изјави Џиандун. Зимските олимписки игри во главниот град на Кина ќе се одржат од 4 до 20 февруари во 2022 година. Организаторот на Олимпијадата, вчера го прикажа дизајнот на медалите кои ќе се доделат на најуспешните спортисти.

Read More

Австралија ја укинува забраната за патување во странство без дозвола, соопшти денеска владата, а до крајот на годината треба да бидат отворени и границите на земјата за квалификувани работници и за странски студенти. Повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните граници на Австралија, целосно вакцинираните граѓани во иднина нема да мора да бараат одобрение за напуштање на земјата, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за здравство и за внатрешни работи. Ова е соопштено во време кога стапката на ревакцинирани возрасни лица во земјата се доближува до целта од 80 проценти. Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека…

Read More

Вакцината против коронавирус на „Фајзер“ и „БајонТек“ во САД ќе биде достапна за деца на возраст од пет до 11 години. Експертите од Управата за храна и лекови (ФДА) го поддржаа овој потег кој ќе оди на итно одобрување во рок од неколку недели. Во септември беше објавено дека вакцината е безбедна за децата од таа возрасна група Во САД, вакцината веќе се дава на деца на возраст над 12 години, а најновата одлука влијае на околу 28 милиони американски деца. Официјалните податоци од САД покажуваат дека 160 деца на возраст меѓу пет и 11 години починале од коронавирус од…

Read More