Author: Sashko

Иако лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, сè уште се надева дека може да дојде до функцијата канцелар, неговиот коалициски партнер, лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер смета дека е речиси сигурно дека на германската политичка сцена доаѓа нова ера, каде доскорешната водечка коалиција сега ќе ги заземе првите опозициски редови. Зедер изјави дека планираните коалициски разговори меѓу Зелените, Либералите (ФДП) и Социјалдемократите (СПД) ќе ја прекинат работата на германската Влада предводена од конзервативците, пишува „Дојче Веле“. Тој додаде дека одлуката на двете помали партии да почнат формални разговори со СПД, која тесно ја победи ЦДУ/ЦСУ на изборите во септември, е „де-факто…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за австрискиот весник „Куриер“ изјави дека нема перспектива за Западен Балкан и дека Европската Унија (ЕУ) самата се држи како заложник на Балканот. Во интервјуто тој додава дека веќе има друга идеја за правилата на игра во ЕУ, нагласувајќи дека Албанија мора да ги прифати. Не сум фрустриран, но научив. Сега има друга идеја за правилата на игра во ЕУ и мора да ги прифатиме. Не треба да се губи трпението и страста. Повеќе се работи за функционирање на Албанија како земја на ЕУ отколку за фактот дека Албанија е членка на Европската унија,…

Read More

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма повторно беше затворен поради пепелта од вулканот, кој е активен речиси три недели. Научниците наведуваат дека натамошниот развој на ерупцијата е непредвидлив. Ерупцијата се смири претходните денови, но вулканот продолжува да исфрла лава. Во Ла Палма, еден од Канарските Острови со 85.000 жители, регистрирани се 16 земјотреси во претходните 24 часа, чиј интензитет не надмина 3,5 степени. Лавата принуди на евакуација над 6.000 луѓе и уништи повеќе од 600 куќи. Поради облак од пепел, аеродромот на островот беше привремено затворен и минатиот месец.

Read More

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс на Твитер ја поздрави изјавата на ЕУ за Западен Балкан по Самитот на Брдо кај Крањ. Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив”, наведе портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Лидерите на ЕУ, со согласност на лидерите на Западен Балкан, на Самитот на лидери ЕУ-Западен Балкан усвоија Декларација која недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и ја потврдува нивната посветеност кон процесот…

Read More

Бугарската полиција уапси Русин и двајца државјани на Литванија под сомнение за индустриска шпионажа, соопшти денеска регионалната полиција на Стара Загора. Како што се наведува, литванските државјани на возраст од 24 и 59 години и 60-годишен руски државјанин работеле во воената фабрика „Арсенал“. Уапсени се на границата со Грција, откако полицијата била информирана дека одредени производи и документи исчезнале од фабриката.

Read More

Дополнителните рестрикции, како полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што во Грција се воведуваа повремено, на локално ниво, во т.н. „црвени зони“ со влошена епидемиолошка состојба, повеќе нема да бидат опција и во иднина се ќе си функционира регуларно, но со ограничувања за невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина. Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и сл, нема да постојат никакви ограничувања. „Црвени зони“ ќе постојат и натаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а…

Read More

Амбасадорот на Катар во Русија, шеикот Ахмед бин Насер бин Јасим Ал Тани зборуваше за трошоците на Катар за подготовките за Светското првенство 2022 година. До овој момент нашата држава потроши околу 200 милијарди долари за организација на турнирот. Оваа сума ги вклучува трошоците за изградба на стадиони, на метро, на ​​аеродроми, на нов град, на пристаниште. Се надеваме дека ќе успееме да организираме светско првенство од кое целиот свет ќе биде воодушевен. Сакаме Катар секогаш да биде напредна држава, еден вид локомотива, да даде пример во сите области. Имаме многу широка интеракција со Русија во оваа насока. Гледавме како…

Read More

Научниците веруваат дека можат да објаснат зошто некои луѓе кои имаат ковид, развиваат состојба која наликува на смрзнатини на палците, но и на другите прсти, пренесува „Би-Би-Си“ на српски јазик. Ковид палецот се јавува како несакан ефект кога телото започнува напад за борба против вирусот. Истражувачите велат дека точно утврдиле за кои делови од имунолошкиот систем станува збор. Наодите, објавени во Британскиот весник за дерматологија, може да помогнат во лекувањето на овие симптоми. Што е ковид палец? Може да се појави кај луѓе од било која возрасна група, но почесто се случува кај деца и тинејџери. За некои, оваа состојба…

Read More

Патнички авион на кувајтската компанија „Џазира Ервејз“ мораше принудно да слета во Трабзон, западна Турција, поради закана од бомба. Сите патници во леталото се евакуирани, јави турската радиотелевизија, а во моментот експертски тимови го пребаруваат авионот.

Read More

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 300 се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди јужен Пакистан, соопшти администрацијата за управување со катастрофи. Спасувачките екипи велат дека повеќето од загинатите се жени и деца. Земјотресот се случи на релативно плитка длабочина од 20 километри, со епицентар на 102 километри источно од градот Квета, објави американскиот геолошки институт (USGS). Се урнаа повеќе од 100 глинени куќи, а многу згради се оштетени. Телевизиските снимки покажуваат згради со пукнатини, урнати покриви и sидови. Стотици луѓе останаа без покрив над главата, изјави Сохаил Анвар, заменик-комесар на…

Read More

„Њујорк тајмс“ објави дека највисоки претставници на ЦИА минатата недела пратиле тајна порака до сите нејзини бази и агенции во светот во која ги предупредуваат оти губат премногу агенти што ги регрутираат по другите држави. Нив или ги апсат или едноставно ги убиваат. Во текстот за таквата состојба се истакнува дека станува збор за навистина невообичаена порака на централата на ЦИА во која стои оти се прегледани десетици случаи во последните години што вклучуваат соработници во странски земји кои ги загубиле животите, се приведени или разоткриени. Во кратката порака дури е наведен и точниот број на ликвидирани соработници, што е…

Read More

Околу 1,6 милиони дози на вакцини против коронавирус во Авганистан мора да се искористат што е можно побрзо, затоа што наскоро им истекува рокот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Меѓународната организација истакна дека од почетокот на август, тестирањето и вакцинацијата против ковид-19 во земјата се значително намалени. И покрај сите тешкотии на теренот, СЗО соопшти дека продолжува да работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми нивото на тестирање и на вакцинација против коронавирусот. Целта на организацијата, меѓу другото, е вакцинацијата да опфати најмалку 20 проценти од 32 милиони луѓе во земјата. СЗО соопшти дека испратиле…

Read More