Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред истек на рокот за употреба: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакцини

0
By Sashko on October 7, 2021 СВЕТ
Фото: dailysabah.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 09:35

Околу 1,6 милиони дози на вакцини против коронавирус во Авганистан мора да се искористат што е можно побрзо, затоа што наскоро им истекува рокот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Меѓународната организација истакна дека од почетокот на август, тестирањето и вакцинацијата против ковид-19 во земјата се значително намалени.

И покрај сите тешкотии на теренот, СЗО соопшти дека продолжува да работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми нивото на тестирање и на вакцинација против коронавирусот. Целта на организацијата, меѓу другото, е вакцинацијата да опфати најмалку 20 проценти од 32 милиони луѓе во земјата.

СЗО соопшти дека испратиле медицински пакети до две болници во Кабул, како и до нејзините регионални канцеларии, за задоволување на потребите на 50.000 лица. Од август, организацијата испрати лекови и медицински материјали во 360 медицински установи во Авганистан, исполнувајќи ги потребите на околу 3,9 милиони луѓе.

Претходно, СЗО соопшти дека здравствениот систем во земјата е пред колапс и оти се потребни итни мерки. Според СЗО, девет од 37 болници што лекувале заболени од ковид-19 се затворени во септември, а илјадници здравствени работници во земјата со месец се без плата.

Авганистанската телевизија „Толо њуз“ објави дека над 151.000 луѓе биле заразени со коронавирус во земјата до вчера. Од почетокот на пандемијата, околу 7.000 луѓе во Авганистан починаа како резултат на болеста.

Авганистан вакцини Ковид-19 рок Свет СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.