Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерството за здравство (МЗ) информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се регистрирани 392 нови случаи на ковид-19, починале 17 лица, а оздравеле 339 пациенти. Најмногу позитивни наоди од направените 4.633 тестови се евидентирани во Скопје – 180, во Куманово – 32, во Кавадарци – 20, во Битола – 18, во Кочани – 17, во Прилеп и во Велес – по 16, во Кичево – 14, во Тетово, во Охрид и во Штип – по 11, во Гевгелија и во Крива Паланка – по 7, во Кратово – 6, во Радовиш и во Валандово…
Во рамки на редовните истражувања за потребите на Град Скопје, Агенција „Рејтинг“ спроведе анекта за задоволството на граѓаните од работата на градската власт. Во рамки на истражувањето се мереше довербата на граѓаните во локалната власт на Град Скопје, клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, степенот на доверба во институцијата и градоначалникот, како и оценката за работата во поединечни области од ингеренција на градот. Истражувањето е спроведено по пат на телефонско интервју на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници во периодот од 10 до 15 септември. Првото прашање се однесува на степенот на задоволство на граѓаните од насоката во која се…
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во неговиот дом дочека попишувачи. Притоа тој упати апел до сите граѓани да учествуваат во статистичката операција што завршува на 30 септември, „Денеска бев домаќин на попишувачи во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство“, се наведува во постот на неговиот Фејсбук профил. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денеска сите оние кои не се…
Премиерот Зоран Заев во интервју за австрискиот весник „Стандард“ на прашањето за бугарското вето на пристапните преговори за Северна Македонија во ЕУ и можниот излез од оваа ситуација, изјави дека разговорите со нашиот сосед продолжуваат и оти, според него, направени се чекори поблиску до решение. Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така што, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за…
Возачот на Мекларен, Ландо Норис оствари најдобар резултат во квалификациите за Ф1 трката за Големата награда на Русија. До пол-позицијата тој стигна со време 1:41.993 минута минути. Второто место го зазеде Карлос Сајнц од Ферари со 0,517 секунди послабо време од Норис. Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Вилијамс (+0,990 секунди) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој имаше и едно излетување од патеката со болидот по што удри во ограда и го оштети задниот браник. Меѓу најбрзите десет во квалификациите се и: Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон. Трката за…
Косовските Срби шести ден по ред протестираат поради распоредување на специјалните полициски сили на Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички. Како што соопшти РТС, два авиона на Војската на Србија во два наврата околу пладне прелетаа над областа во близина на административниот премин Јариње и уште еднаш попладнево. Во изминатите неколку дена, над областа кај Јариње прелетаа и хеликоптери на Војската на Србија. Од четврток, три хеликоптери МИ-35 ќе ја надлетуваат областа веднаш до административната линија во близина на преминот Јариње од страна на централна Србија, потврдија вчера од Министерството за одбрана. Српскиот министер за…
Заклучно со вчера, вакцинирани се 781.623 граѓани, а ревакцинирани се 714.135, односно аплицирани се вкупно 1.495.762 дози од вакцините против ковид-19. Прва доза на вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 1.717 лица, а вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ), наведувајќи дека имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен. Со последните бројки, барем една доза на вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години. Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12…
Најмалку 43 лица се повредени, од кои тројца посериозно, за време на масовни прослави во Барселона на кои се консумирало големо количество алкохол, пишува весникот „Ел Диарио“. Според медиумски наводи, за време на втората вечер од фестивалот „Ла Мерсе“, локалните власти пријавиле 20 случаи на притвор, 13 вооружени напади и два запалени автомобила на Цивилната гарда. Полицијата дури рано утрово успеала да го растера насобраниот народ. Агенцијата ЕФЕ, исто така, соопшти за тепачки и судири меѓу групи млади луѓе и полиција на плоштадите низ Шпанија. Фестивалот „Ла Мерсе“ традиционално се одржува во Барселона кон крајот на септември и трае неколку…
Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса кои на годишно ниво изнесуваат пет милијарди евра. Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик-министерот за финасиии Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Министертството за одбрана истакнаа дека преку центарот компаниите имаат можност да учествуваат во постапките за набавки на НАТО и на земјите членки. Членството во НАТО ни овозможи сигурност на безбедносен план, но носи и големи придобивки за економијата. Компаниите можат да аплицираат и…
Истражните органи прво да ја завршат работата, а немаме проблем во Парламентот да бидат повикани сите претставници на дебата за да се добијат одговори што народот сака да ги слушне, истакна премиерот Зоран Заев во врска со истрагата за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово од 8 септември, во кој изгореа 14 луѓе. Не бегаме од транспарентност и придонесот да се откријат сите детали и се дадат сите одговори за тоа што се случило во Тетово како причина за предизвикување на пожарот. Но, како што е редот, прво да оставиме истражните органи да ја завршат работата. Не може…
Харалд К., австриски државјанин кој живее и работи во Загреб, е човекот кој синоќа ги задавил своите три деца – близнаци, момче и седумгодишно девојче и четиригодишен син во неговиот стан, а потоа се обидел и самиот да си пресуди. Откако бил пронајден во станот каде што најверојатно ги убил своите три деца, се обидел да се самоубие со отров или апчиња. Полицијата го пронајде зашеметен во станот и го одведе на лекување во болницата „Сестри на милосрдие“ во Загреб, пишува порталот индекс.хр. Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила…
Платата на пратениците во германскиот Бундестаг е толку висока што не им е потребна друга работа. Но, ова е така само во теорија. Многумина се ангажирани и во секундарни, но добро платени работни места. Работата на пратеник не е иста како и секоја друга работа. Тоа е занимање во кое едно лице врши висока јавна функција, но само за одреден временски период. Тие излегуваат на избори пред гласачите и повторно бараат поддршка. Федералниот уставен суд на Сојузна Република Германија пропиша дека пратениците за време на нивниот мандат во Бундестагот сè уште можат да ги извршуваат своите редовни должности пред да…