Author: Sashko

Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел е против идејата за целосна забрана за издавање на визи за Русите. „Тоа е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа мерки во врска со тоа, други нема да поддржат такво нешто. Мислам дека не е добра идеја да се забрани влез за сите Руси. Треба да бидеме селективни“, рече Борел на почетокот на дебата за иднината на Европа во шпанскиот град Сантандер. Тој вели дека на најголемите руски бизнисмени не треба да им се дозволи влез во Европската Унија, но дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат…

Read More

Нема да бидат можни преговори со Русија, доколку таа организира ревијално судење на заробените украински бранители, истакнува во обраќањето украинскиот претседател Володимир Зеленски. https://www.youtube.com/watch?v=UcHwpG7WHVw&feature=emb_title „Започнува 180-от ден од нашата одбрана и нова недела. Не можеа ни да замислат дека ниту сега, по шест месеци ваква брутална војна, ќе ја славиме нашата независност на нашата земја и во нашиот главен град. Но, тоа е така. Ова е наша земја. Ова е нашата независност, која никој не може да ја скрши и никој не може да ја одземе. И знаете дека е така. Сите во Украина го чувствуваат тоа, 180 дена, речиси…

Read More

На 21 август 2022 година, ракетните единици за противвоздушна одбрана на Вооружените сили на Украина уништија седум руски беспилотни летала (UAVs) и еден хеликоптер Ка-52, информира командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува „Укринформ“. Покрај тоа, украинските ракетни единици за противвоздушна одбрана собориле два крстаречки ракети од типот „Калибр“, наведуваат вооружените сили на Украина. Како што се вели, во текот на изминатиот ден, украинските бомбардери и напаѓачки авиони извршиле околу 10 воздушни напади врз позициите на руските војници. Извор: frontline.mk

Read More

Цената на гасот во Европа продолжува да расте и во моментот е над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи за 20 отсто од почетокот на денешното тргување. Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF-спот, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар, велат податоци од берзата ICE во Лондон. Нивото од 3.000 долари е за првпат надминато од 8 март, а порастот следува по извештаите дека Русија ќе ги прекине испораките преку Северен тек 1 на три дена,…

Read More

Долг е списокот на познати личности кои направија долга пауза од социјалните мрежи во последниве години. Меѓу нив се и Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез и Џастин Бибер кои, исто така, беа во фаза на тн. „дигитална детоксикација“. Како што пишува „Дојче веле“, причините за тоа се различни, од премногу коментари со омраза, премногу време минато пред мониторот, замор од „глумата“ на социјалните мрежи, итн. Интернет-просторот предизвикува контроверзии и во политиката. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, на пример, го напушти Твитер во 2019 година и оттогаш не се врати, иако некои други политичари ја користат платформата…

Read More

На министерствата и на другите институции до 15 септември ќе им биде објаснета точната улога во скринингот кој претставува формална и техничка операција што ја врши Европската Комисија (ЕК) како подготовка на преговорите за членство. Паралелно со скринингот треба да се работи и на уставните измени, истакна заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Алсат“. „Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник, бидејќи ова е дилема која ќе се исправи пред секој пратеник: Дали сте за членство на Северна Македонија во…

Read More

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ ја освои титулата на турнирот во Синсинати по триумфот во финалето над Стефанос Циципас со 7:6, 6:2 и на тој начин, како 152-ри на АТП листата, стана најслабо рангиран тенисер кои победил на Мастерс од серијата 1000. На патот до финалето, Чориќ ги елиминира Лоренцо Мусети, Рафаел Надал, Роберто Баутиста Агут, Феликс Ожер Алиасиме и Камерон Нори. За 25-годишниот тенисер од Загреб ова е трета титула во кариерата, а од денеска ќе направи скок на АТП листата за 123 позиции и од 152-то ќе се искачи на 29-то. Со победата во Синсинати, тој стан и четврти…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, а од пладневните часови и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално ќе има услови за невреме со пообилен дожд, со силни електрични празнења и ветар и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 5. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови, во делови од скопската котлина ќе има услови за повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Mаксималната температура ќе достигне 29 степени.

Read More

Дури 62 отсто од Германците се незадоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, што е најмногу од почетокот на мандатот, покажува истражување на маркетинг агенцијата Инса за неделното издание на високотиражниот весник „Билд“. Колку за илустрација, незадоволство од канцеларот во март изразиле 46 отсто од испитаниците. Само една четвртина од Германците сметаат дека тој добро ја врши работата. Речиси две третини од испитаниците се, исто така, незадоволни од работата на владата во целина. Во март таа имаше поддршка од 43 отсто од Германците. Социјалдемократите на Шолц, водечката партија на владејачката коалиција, се поддржани од само 19 отсто…

Read More

Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка, денеска во 14:35 часот, ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплова од типот Б52. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија. „Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија“, појаснуваат од МО.

Read More

На граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за излез и влез во државата, а на граничниот премин „Богородица“ околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес,…

Read More

Пред фабрика за оружје во албанскиот град Грамш синоќа се случи инцидент, во кој две лица со руски пасош и едно со украински се обиделе тајно да влезат во фабриката, потврди министерството за одбрана на Албанија. „Веднаш реагирале војниците кои го обезбедуваат објектот, но при напорите за спречување на тројцата странски државјани, повредени се двајца војници. Тие се под медицински надзор на клиниката за трауматологија во Тирана“, стои во соопштението. Полицијата соопшти дека во комесаријатот во Елбасан се приведени двајца мажи – Русин и Украинец, како и една Русинка. Во истрагата за расветлување на околностите на инцидентот е вклучена и…

Read More