Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот македонски премиер, кој во 2018 година пребега во Унгарија по отворените судски постапки против него во земјава, станал газда на фирма со седиште во Пецел, предградие на Будимпешта, објави унгарскиот портал 24.hu. Медиумот наведува дека дејности за кои е регистрирана компанијата на 15 јули се продажба на порцелан, средства за чистење, стаклени садови, организација на настани и конференција, но и бизнис консалтинг и менаџмент. Фирмата на чие чело е Груевски е заведена под името ДОО И.Ц.И.Ц., а поранешниот македонски премиер, како што се наведува во текстот на 24.hu, при регистрацијата дал адреса на живеење во Скопје. Груевски ја напушти…
Дарко Костовски, тренер на Дејан Георгиевски кој вчера освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, преку социјалните мрежи информира дека тој и неговиот брат Борче се откажуваат од наградата од 600.000 денари доделена од Владата со одлука на вчерашната седница. Владата, на вчерашната седница, донесе одлука за доделување на парична награда од 20.000 евра за македонскиот теквондист Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите. – Мојот брат, доктор Борче Костовски и јас како тренери на сребрениот олимписки медалист Дејан Георгиевски, се откажуваме од премијата што е доделена за нас и таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион и…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата во Турција му врачи егзекватура на Есер Џеваир, новоименуван почесен конзул на Северна Македонија во Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене. Честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џеваир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции. – Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Северна Македонија во сите сфери од заеднички интерес во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски…
Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова оствари 40-то време во квалификациите на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио. Петнаесетгодишната македонска олимпијка оствари време од 57:19 секунди, со кое победи во својата група. Во квалификациите во оваа дисциплина учествуваа 52 пливачки, а најдобро време оствари Австралијката Ема Мекин – 52:13 секунди што е нов олимписки рекорд. Од македонските спортисти на Олимпијадата во Токио треба да настапат уште Јован Стојоски (атлетика) во трката на 400 метри закажана за 1 август, Пуликсенија Јованоска (карате, кати) на 5 август и Магомедгаџи Нуров (борење, слободен стил, 97 кг.) на 6 август.
Сребреното македонско момче од Токио, Дејан Георгиевски, кој се закити со сребро во теквондо во категоријата над 80 килограми, утре се враќа во Скопје. Тој се обрати до домашната јавност преку Фејсбук профилот на Македонската теквондо федерација и ги повика граѓаните на заедничка прослава на медалот пред порта „Македонија“ во 19:30 часот. – Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри носам сребрен медал со златен сјај. Утре (четврток) ве повикувам кај порта „Македонија“ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех, рече Георгиевски во обраќањето од Токио.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ избори место во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио, по убедливата победа над Шпанецот Фокина Давидович со 2:0 (по сетови 6:3 и 6:1). Србинот е последниот кој обезбеди учество помеѓу најдобрите осум. Негов следен противник ќе биде Кеи Нишикори од Јапонија. Двојки за четвртфинале на машкиот тениски турнир на ОИ во Токио: Ѓоковиќ (Србиј) – Нишикори (Јапонија) Зверев (Германија) – Шарди (Франција) Качанов (Русија) – Умбер (Франција) Карењо Буста (Шпанија) – Медведев (Русија)
Владата на денешната 92. седница го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на Кривичниот законик. Како што соопшти владината прес-служба, со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со…
Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука за доделување на парична награда од 1,2 милиони денари (20.000 евра) за теквондистот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио додека неговиот тренер Дарко Костовски ќе добие 600.000 денари (10.000 евра). Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден со дополнителни 600.000 денари (10.000 евра) од Агенцијата за млади и спорт.
Невреме проследено со грмотевици синоќа го опустоши северниот дел на Италија, оставајќи зад себе 50 лица во изолација во подрачјето на езерото Комо, а поради обилните дождови и силниот ветар се регистрирани над 500 повици за интервенција во регионот Венето, пренесуваат агенциите. Dozens of houses are hit by landslides in towns surrounding Lake Como after heavy rainfall pounds the popular holiday destination in Italy pic.twitter.com/XOmfm14M2r — TRT World Now (@TRTWorldNow) July 28, 2021 Во местото Биено, на западниот брег на езерото Комо, се активира свлечиште што предизвика блокада на автопатот и ги изолира жителите. Службите за Итна помош успеаја да…
„Инста кафе“, како најбучен објект во реонот, и „Каза Кубана“ на Кеј добија решенија за преземање на мерки за намалување на нивото на бучава во животната средина. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од осум дена да постапат по истите, информираат од Општина Центар. Добиените решенија се во рамките на спроведените акции во реонот на Дебар Маало и на Кеј „13 Ноември“ и мерењета на бучава од локалите во текот на изминатите два викенда. Од Општина Центар посочуваат дека редовните контроли на терен за мерење на бучава од гласна музика од угостителски објекти на овластените инспектори за животна средина…
Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот за карантин во Сиднеј за уште еден месец поради коронавирусот. Мерката е донесена поради фактот дека во градот продолжува да се шири делта сојот на ковид-19. – Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклјан.
Сите вработени во „Вашингтон пост“ мора да обезбедат доказ дека се вакцинирале против ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа. Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените. Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација. Новата политика за вакцинација на изданието доаѓа во услови на зголемување на случаите на ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната Делта варијанта на вирусот. Рајан рече дека повеќето вработени во весникот…