Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот за карантин во Сиднеј за уште еден месец поради коронавирусот.

Мерката е донесена поради фактот дека во градот продолжува да се шири делта сојот на ковид-19.

– Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклјан.