Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука за доделување на парична награда од 1,2 милиони денари (20.000 евра) за теквондистот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио додека неговиот тренер Дарко Костовски ќе добие 600.000 денари (10.000 евра).

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден со дополнителни 600.000 денари (10.000 евра) од Агенцијата за млади и спорт.