Author: Sashko

Министерстото за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 491 нов случај на ковид-19, три починати лица и 595 оздравени пациенти. Направени се 1.108 тестови, а од регистрираните 491 нов случај на ковид-19, во Скопје се 203, во Битола – 38, во Куманово – 31, во Прилеп и во Охрид – по 24, во Кавадарци – 22, во Тетово – 21, во Струмица – 17, во Неготино – 16, во Кочани – 12, во Делчево – 11, во Гостивар и во Штип – по 10, во Гевгелија – 9,…

Read More

Руски падобранец, кој учествувал во борбите во Украина, ја разоткри вистината за руската инвазија на Украина и побегна од земјата. Павел Филатјев ги знае последиците од тоа што го кажува. Овој поранешен падобранец сфаќа дека ризикува затвор, дека ќе го наречат предавник и дека неговите поранешни другари ќе го избегнуваат. Неговата мајка го поттикнала да избега од Русија додека може. „Не ја гледам правдата во оваа војна“, вели Филатјев. Тој првпат лично седнува со новинар, откако се вратил од боиштето во Украина и ја раскажува својата приказна, за лондонски Гардијан. „Не се плашам да се борам во војна. Но, морам…

Read More

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија и јубилејот „30 години Армија“, што се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. „На 18 август 1943 година, борците од неколку партизански одреди се здружија за да го формираат баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица на македонската народноослободителна војска која, како дел од антифашистичката коалиција, низ борба ја создаде македонската држава. Како што во Втората светска војна, војската ја создаде државата, во 1992-та, независната македонска држава создаде своја Армија. 18-ти Август е симбол…

Read More

Гордо и достоинствено го славиме Денот на Армијата – 18 Август. Го одбележуваме 30-годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, на одбраната, на стабилноста и на довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО, истакна премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод јубилејот на Армијата. Ковачевски, кој денеска присуствуваше на централната свеченост што се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје, се заблагодари на сите припадници на Армијата, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години. Најави продолжување на армиското модернизирање и најповолни услови за воениот и цивилниот персонал. „Ви благодарам за влогот, за…

Read More

Заменик-министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за заштита на животна средина во Шуто Оризари учествуваат на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“. Модераторка на панел дискусијата е Биљана Јордановска од „Цивил“. https://www.youtube.com/watch?v=70GBPtAVRdg „Зелен ЦИВИЛ“ е организациска единица на „ЦИВИЛ“, формирана во 2009 година. Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Извор: civilmedia.mk

Read More

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 проценти, што е подобрување за десет процентни поени во однос на минатата година кога изнесувало 63 отсто, покажува најновото рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер на Центарот за граѓански комуникации. Рангирањето се објавува еднаш годишно од 2016 година и во него се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 процент од институциите. Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, а на општините…

Read More

„Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање. Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.…

Read More

Хрватската телевизија Нова ТВ објави дека нејзиниот 48 годише уредник и политички коментатор, Мислав Баго утрово бил пронајден мртов, а засега нема официјални информации за причините за смртта. „Неговото прерано заминување е голема загуба за нас. Беше омилен колега, секогаш подготвен да помогне. Остави неизбришлива трага во новинарството. Се воодушевуваме на неговата страст за новинарската професија, секогаш со нова идеја, секогаш чекор понапред“, вели директорката на информативната програма на Нова ТВ, Ксенија Кадрум. Мислав Баго со својот специфичен стил и новинарски израз беше познат и почитуван и од македонската телевизиска публика. На социјалните мрежи се коментира дека токму поради неговата…

Read More

Чешкиот премиер Петр Фиала вети компензација за сите граѓани, преку станбен додаток, чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом надминат 35 проценти од приходите. „Владата нема да дозволи кој било да пропадне. Граѓаните за домување ќе плаќаат максимално 30 отсто од нивните приходи, во Прага 35 проценти и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. За сите трошоци над 30 отсто од приходите, државата е подготвена да плати“, истакна Фиала, јави телевизијата ЧТ. Станбениот додаток во Чешка не е новост. Досега беше вид на социјална помош за најсиромашните семејства. Фијала сега апелираше до граѓаните да…

Read More

Бројот на загинати во синоќешниот напад врз џамија во Кабул се зголеми на 21 лице, а повредени се 33, меѓу кои и неколку деца, објави авганистанската полиција. Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот, што се случил за време на синоќешната молитва.

Read More

Вкупно 361 дете се убиени, а над 714 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, информира украинското државно Обвинителство на „Телеграм“, пренесува агенцијата „Укринформ“. „Над 1.075 деца во Украина се погодени од руската вооружена агресија. Од 18 август 2022 година, бројот на загинатите остана непроменет (361 дете). Бројот на повредените надмина 714 деца“, се наведува во извештајот. Овие податоци не се конечни, бидејќи се истражуваат во областите на воените дејствија, привремено окупирани и ослободени области. Во моментот, најмногу жртви се регистрирани во регионот Доњецк (376), регионот Харков (200), регионот Киев (116), регионот Чернихов (68), регионот Луганск (61), регионот Миколаев…

Read More

Во касарната „Илинден“ во Скопје во моментот се одржува централната свеченост по повод 18 август, Денот на АРМ. Пред присутните ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на ГШ, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.

Read More