Author: Sashko

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори. -Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме. Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири…

Read More

Пратениците од следната недела, поточно од 8 јуни, се враќаат на пленарни седници во собраниската сала „Македонија“. Како што соопшти денеска прес-службата на законодавниот дом, ова е одлучено по извршениот увид од претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство (МЗ), Жарко Караџовски и претставници од Институтот за јавно здравје и на МЗ. Пленарните седници во салата „Македонија“ ќе се одржуваат согласно одобрениот Протокол. Акредитираните новинари ќе бидат сместени во сала 3 – Прес центар и сала 4 на првиот кат на Собранието, со можност за движење преку една врата во холот меѓу салите. На акредитираните претставници на медиумите…

Read More

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција на отворено по настанот под Скопско кале, поврзан со Светскиот ден за заштита на животната средина, уште еднаш повтори дека македонските црвени линии во разговорите со Бугарија се македонскиот идентитет и јазик. Тој демантира дека се водат други разговори, освен разговорот меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји кои работат на изготвување на планот за движење на соработката во иднина меѓу соодветните ресори. Заев и денеска ги оцени како несериозни изјавите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека тие може да предизвикаат штетни последици. Португалскиот модел, кој Заев како окарактеризира како инвентивен и креативен и како…

Read More

Прелиминарните државни податоци ја зголемија загриженоста дека претстојната сува сезона ќе донесе уште повеќе уништување на шумите во бразилскиот дел на Амазонија отколку минатата година. Областа каде имаше сеча на шума во мај, утврдена врз основа на сателитски снимки, е поголема за 41 процент во споредба со истиот месец во 2020 година, според Државниот институт за вселенски истражувања. Мај е почеток на сушната сезона во Амазонија, кога нагло се зголемува дефорестацијата. Сечата на шумите достигна 1.180 квадратни километри минатиот месец, што е најмногу за мај во последните пет години. Податоците за април и март беа исто така највисоки за тие…

Read More

Хрватското Министерство за здравство потврди дека почнало со испорака на донацијата од 50.000 дози вакцини против ковид-19 за Босна и Херцеговина, за Црна Гора и за Косово. Донацијата ќе биде доставена во рок од четири дена, до 7 јуни, и содржи вкупно 50.000 дози вакцини, од кои 30.000 дози се наменети за БиХ. По 10.000 дози ќе одат во Црна Гора и во Република Косово, одлучи владата пред еден месец во Одлуката за испраќање хуманитарна помош во БиХ, во Црна Гора и во Косово. Од 30.000 дози на вакцини на Астра Зенека за БиХ, 15.000 дози се наменети за Универзитетската…

Read More

Наместо торта, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе ги ,,почести“ граѓаните со најавеното изненадување за партискиот роденден денеска напладне во 12 часот. Ова Ахмети го најави пред три дена од Липково, при што само откри дека „изненадувањето“ ќе предизвика дебата во општеството, слична на дебатата по одлуката да кандидираат Албанец за премиер, на минатогодишните парламентарни избори кои партијата ги водеше под слоганот ,,Pse jo“, односно , Зошто не“. Најавата за изненадувањето предизвика реакции, шпекулации и типувања што би можело да биде. Премиерот Заев, деновиве двапати изјави дека го знае изненадувањето, но дека нормално тоа му го препушта да го претстави…

Read More

На повеќе од четири месеци пред најавениот термин за локалните избори – втората половина на октомври, веќе се познати имињата на дел од кандидати за градоначалници, главно од најголемите политички партии, коишто веќе започнаа неформална кампања. Веројатно пописот закажан за септември во комбинација со олабавување на ковид мерките придонесоа за тоа. Нема разлика дали станува збор за опозицијата или за власта кампањата е веќе почната, а граѓаните и експертите ќе речат дека за некои воопшто и не прекинала. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изминатава недела присуствуваше на настани во неколку делови од земјата. Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре…

Read More

Русија ќе биде во фокусот на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 14 јуни, соопшти синоќа Аманда Слоут, виша директорка за Европа во Советот за национална безбедност, зборувајќи за време на видео конференција во Центарот за нова американска безбедност. – Претседателот на САД, Џо Бајден ќе ја потврди нашата силна посветеност кон Алијансата и Членот пет за колективна одбрана. На состанокот ќе се дискутира што треба да се направи за да се исполнат постојните и новите предизвици. Русија очигледно ќе биде во фокусот на овие дискусии. НАТО ќе ја потврди нашата основна мисија за одвраќање и одбрана,…

Read More

Бугарскиот премиер Стефан Јанев вчера го посетиле амбасадорите на Белгија и на Холандија, Фредерик Морис и Беа де Тошер. Како што информираат бугарските медиуми, во фокусот на разговорите, меѓу другото била и европската перспектива на Република Северна Македонија, како и предизвиците поврзани со тоа. Преодниот премиер Јанев ја нагласил неопходноста од создавање на конкретен механизам за мерење и следење на напредокот во преговорите меѓу Бугарија и Македонија во исполнувањето на договорените ангажмани меѓу двете држави. Повеќе детали од средбата не се соопштуваат. Македонскиот премиер Зоран Заев, вчера потсети дека основа за разговори со бугарската страна е португалскиот предлог и дека…

Read More

Нема никакви тајни преговори, македонските позиции се јасно и гласно декларирани и со тоа се запознати и ВМРО-ДПМНЕ и домашната јавност и пошироката меѓународната заедница, изјавија вчера од Владата, откако од опозициската партија обвини за водење на тајни преговори со Бугарија и побараа одговор на прашањето дали е точно дека премиерот Зоран Заев ги прифаќа бугарските позиции. -Секој ден нов антидржавен потег на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа се неточните и неодговорни изјави со кои свесно ги поткопуваат дипломатските процеси што одат во насока на откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија што би требало да е заеднички интерес, изјавија…

Read More

Лекарската комора на Македонија денеска го одбележува 5-ти јуни, денот на своето основање. По тој повод во 11 часот обраќање преку видео конференција ќе има Министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на оваа професионална докторска асоцијација со јавни овластувања, Калина Гривчева Старделова. Ќе биде доделена плакета ,,Свети Наум Охридски“, како и награди за најдобрите студенти по медицина.

Read More

По повод Светскиот ден на заштитата на животната средина, Градот Скопје организира акција за чистење на реонот под Кале. Во акцијата ќе се вклучат премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов. Ќе се чисти областа каде порано беше сместен сообраќајниот полигон за обука на возачи. Чистењето ќе вклучи отстранување на дивите депонии на чие место ќе се засадуваат нови садници. Овој реон порано беше познат како место за ,,Старо купујем“ а потоа нечесто беше ,,населувано“ од бездомници. Акцијата почнува во 10 часот.

Read More