Author: Sashko

Срамно е што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира. „Во исто време ние не го менуваме нашиот курс. Она што треба да го правиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома“, изјави Рама, додавајќи…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави оти се надева, но не е сигурен за решение за кревање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија. „Утрово разговарав со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен“, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан. Прашан дали за него е прифатлива билатеризација на процесот на пристапување во ЕУ, како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35. „Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случи“,…

Read More

Париз сака да ѝ дозволи на Софија да ги внесе своите билатерални барања во формализираниот преговарачки процес на ЕУ – опасен чекор не само за Северна Македонија, туку и за целата ЕУ. Пристигна балканската криза на американскиот претседател Џо Бајден. Годините на запоставување и дволичноста на Европската унија кон регионот повторно ги прогонуваат Соединетите Држави и Европа во ранлив момент. Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја види владата на Бугарија, членка на НАТО и ЕУ, преземена од неговите сојузници, предводени од претседателот на земјата, Румен Радев. Многу брзо, оваа црноморска земја, стратешки сместена меѓу Турција, Романија и Украина,…

Read More

Сега е момент за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, твитна еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји претпладнево од Брисел. „ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел. На средбата на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан ќе учествува и премиерот Димитар…

Read More

Напаѓач со нож повреди пет лица денеска во Оукленд, на Нов Зеланд, пред околните минувачи да го соборат на земја и да го совладаат, соопшти полицијата. Нападот, според претставник на локалната полиција, траел помалку од 10 минути, бил изведен без посебна цел, а дека осомничениот сега е во притвор. Според новозеландската полиција нема индиции за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а полицијата се пофали дека брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви. „Случајни минувачи кои се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот…

Read More

На Британецот на кој судот во Доњецк му изрече смртна казна поради учество во воените дејствија во Украина, му е речено дека пресудата ќе биде извршена, изјавија членови на неговото семејство за „Би-Би-Си“. Судот на самопрогласената Народна Република Доњецк ги осуди Британците Ајден Аслин и Шон Пинер на смртна казна. „Би-Би-Си“ тврди дека семејството разговарало со Аслин по телефон и оти им порачал дека „времето истекува“. Исто така навел дека оние кои го држат во затвореништво му рекле дека немало обиди на британски официјални лица да почнат преговори за неговата судбина.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, тој повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“. Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „поделби“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да донесува закони поинаку. Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да формира сојузи, или од…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача оти ќе вложи напор за доделување на кандидатски статус за Украина и за Молдавија за членство во Европската Унија (ЕУ). Според него, Унијата треба да се отвори и за други земји, а тој се залага и за реформи во ЕУ, пред сè кога станува збор за правилата на гласање. Шолц упати барање до ЕУ за носењето на надворешнополитичките одлуки да биде со квалификувано мнозинство, што подразбира укинување на правото на вето на поединечни земји, но, мала е веројатноста да ја добие поддршката од Франција и од уште неколку земји, јави порталот „Политико“. „Ќе ги вложам…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш потврди дека земјава нема формално добиено предлог што е усогласен од сите 27 членки на Европската Унија (ЕУ), истакнувајќи дека клучните елементи во тој документ да бидат прифатливи за Северна Македонија. Во Бугарија, во меѓувреме, падна владата на премиерот Кирил Петков, откако во Собранието и беше изгласана недоверба. Висок дипломатски извор во ЕУ, кој важи за добро упатен во преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, вчера потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“. „Каков и да биде конечниот усогласен текст на…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветар, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветар и појава на град. Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 22 степена, а дневните ќе достигнат од 29 до 38 степени. Во Скопје, слично време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар во попладневните часови. Утринската температура ќе се искачи до 18-от степен, а дневната ќе достигне 34…

Read More

Авион со 126 патници се запали по слетување на аеродромот во Мајами, пишува „Скај њуз“. Леталото во сопственост на компанијата „Ред ер“ имало проблеми со предниот дел за слетување, а во Мајами пристигнало од Санто Доминго во Доминиканската Република. Close-up video of passengers getting off the plane | #ONLYinDADE pic.twitter.com/o3YyMU9mgx — ONLY in DADE (@ONLYinDADE) June 22, 2022 Авионот при слетувањето се излизгал на пистата, ја пробил комуникациската кула и запрел на тревата. Веднаш се пристапило кон евакуација на патниците од кои тројца завршиле со полесни повреди во болница.

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира за 110 случаи на ковид-19 во последните 24 часа од направени 894 тестови. Новите се случаи се регистрирани во Скопје – 72, во Битола – осум, во Куманово – шест, во Кавадарци, во Штип и во Неготино – по четири, во Кочани – три, во Прилеп и во Гостивар – по два, во Струмица, во Кичево, во Струга, во Ресен и во Богданци – по еден. Осумнаесет меѓу нив се реинфекции. Регистрирани сe 42 оздравени пациенти од Скопје – 34, од Кочани и од Охрид – по…

Read More