Author: Соња Крамарска

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот на храна поттикнат од војната во Украина може да предизвика „неухранетост, масовен глад и криза која може да трае со години“ низ целиот свет. Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари. „Да бидеме јасни: нема ефективно решение за кризата со храна без реинтеграција на производството на храна во Украина“, рече Гутереш. „Русија мора да дозволи безбеден извоз на житото складирано во украинските пристаништа“, истакна тој. Сепак, тој рече дека е…

Read More

Руското Министерство за одбрана, според нивниот утрински брифинг на Телеграм, соопшти дека 1.730 борци се предале од Азовстал од понеделникот до сега. Тоа вклучува уште 771 кои се предале, велат тие, во последните 24 часа. 80 биле ранети. Руското Министерство за одбрана вели дека оние на кои им треба стационарно лекување добиваат помош во медицинските установи во Новоазовск и Доњецк. Меѓународниот комитет за Црвен крст изјави дека регистрирал „стотици“ украински заробеници кои ја напуштиле фабриката за челик Азовстал оваа недела. Руската новинска агенција Тасс го цитира Денис Пушилин, кој е шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, кој…

Read More

Министерството за внатрешни работи ги направи сите неопходни обврски за реална операционализација на Законот за заштита на укажувачи, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Сметам дека за ефикасна примена на Законот за заштита на укажувачите значително влијание има потребата од негово уште поблиско претставување на севкупната јавност, нејзино анимирање од бенефитите што овој Закон ги носи. Не случајно во сферата на работата на МВР,  Одделението за превенција и интегритет при Одделот за внатрешна контрола  во рамки на Програмата за јакнење на полицискиот интегритет во изминатиот период, посвети особено внимание на информирањето и приближувањето на законот до вработените опфаќајќи…

Read More

Над 200 милиони евра се обезбедени од ЕБОР за реализација на регионален проект за управување со отпад и за проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце, соопшти Министерството за финансии. Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска институција предложени од Министерството за финансии, биле прифатени на вчерашната владина седница. Со предлог законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на изградбата на автопат од Скопје до границата со Косово, се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра од ЕБОР, кои се обезбедуваат со рок на отплата од 16 години, со грејс период од 4 години…

Read More

„Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката“. Ова за БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска по повод денешната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека топката е во полето на Бугарија идека Бугарија нема јасен и единствен став. „Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи често се појавува во медиумите и…

Read More

Кинескиот патнички авион, кој на 21 март се сруши во планина, при што загинаа сите 132 патници во него, намерно бил урнат од пилотот или од натрапник кој му влегол во пилотската кабина, соопштија истражителите. Податоците за летот од црната кутија пронајдена од кинескиот Боинг 737-800 покажуваат дека човечки фактор го натерал авионот да падне во планинската област Гуангкси на 21 март. Експертите веруваат дека само убиство или самоубиство може да објасни како авионот завршил во речиси вертикална траекторија уривајќи се кон земјата. „Авионот се урнал со команда од некого во пилотската кабина“, изјави извор од истрагата за Wall Street…

Read More

Русија денеска соопшти дека се предале речиси 1.000 украински војници од џиновската челичарница во Мариупол, напуштајќи ги своите позиции кои беа симбол на отпорот на нивната земја. Украина им нареди на борците да ги спасат своите животи – и рече дека нивната мисија да ги поразат руските сили е завршена – но не го нарече тоа предавање како што тврди руската страна. Борците сега се соочени со неизвесна судбина, при што Украина тврди дека се надева на размена на затвореници, но Русија најави дека ќе им суди, барем на некои од нив, за воени злосторства. Не е јасно колку борци…

Read More

„Нема да има никакви отстапки, решението мора да се заснова на европски вредности, и на зачувување на достоинството на граѓаните на двете држави“, рече денес премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање зошто тој вели дека нема да се врзуваме со датуми за решение со Бугарија додека високиот претставник на ЕУ Јозеп Борел алармира дека до јуни мора да се изнајде решение, и дали фаќањето на јунскиот рок значи правење отстапки од македонска страна кон Бугарија. Претходно, Ковачевски на конференцијата во организација на Македонија 2025 на прашање од публиката да го коментира застојот во евроинтеграцијата на Македонија и бугарските барања, рече:…

Read More

„Како претседателка на Влада не можам да зборувам и коментирам за црковни прашања. Но морам да кажам и дека чувствувам голема благодарност кон Српската православна црква и неговата светост патријархот Порфириј затоа што во отворен разгоор се обидуваат да решат прашање со кое директно влијаат на поголема регионална стабилност и подобра иднина на нашите народи“, одговори премирката на Србија Ана Брнабиќ на новинарско прашање да ја коментира разочараноста во некои кругови во Македонија од најновиот развој на настаните со односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Брнабиќ и нејзиниот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, заедно учествуваа на конференција во организација на форумот „Македонија…

Read More

Северна Македонија следниот месец ќе биде домаќин на голема конференција Преспа форум, што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид, соопшти денес министерот за надворешни работи Бујар Османи. Конференцијата, како што рече тој, се совпаѓа и со четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, а ќе се разговара за теми важни за денешницата. „Оваа година конференцијата го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“.  Во фокусот на дискусиите ќе доминираат актуелните теми, проектирани низ нашата регионална призма. Темата е што после војната во Украина“, посочи Османи. На овогодинешното издание на Преспа Форумот за дијалог, потврдени…

Read More

Русија тврди дека 694 украински борци се предале во Азовстал во последните 24 часа. Со оваа најнова бројка се тврди дека од понеделникот од фабриката за челик Азовстал се предале вкупно 959 борци. Русија вели дека вкупно 80 од оние што се предале биле ранети, од кои 51 се пренесени во болница. Дополнително, Русите тврдат дека во текот на ноќта убиле 270 украински борци и „54 единици воена опрема биле онеспособени“. Тие тврдат и дека собориле два авиони и 15 дронови. Тврдењата не се потврдени од независни институции. Руското Министерство за одбрана исто така објави соопштение на Телеграм во кое се…

Read More

Социјалниот дијалог продолжува, блиску сме до конечни решенија, изјави пред малку министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, по средбата со синдикалниот лидер Јаким Неделков. „Дојдовме до приближување на ставовите. Денес разговаравме за повеќе понудени решенија од Министерството и од СОНК и ни треба дополнително време да ги усогласиме. Во текот на следните денови ќе продолжиме со дијалогот и до крајот на неделава се надевам ќе имаме конечен договор. Ни треба дополнително време да ги усогласиме предлозите на двете страни, но до четврток или петок ќе го имаме конечното решение“, рече министерката. Синдикалниот лидер Јаким Неделков рече дека преговорите се…

Read More