Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Интерпретацијата од грчката Влада на делови од Договорот не соодветствува со оригиналните делови , велат од македонската Влада. Договорот не предвидува транскрипција на новото име на латинично писмо, како што напишаа грчките медиуми, повикувајќи се на толкување од нивната Влада, туку новото име ќе биде преведено на сите јазци. За македонскиот јазик нема да има фуснота во ОН, вели портпаролот Миле Бошњаковски. Во Договорот има член во кој пишува дека македонскиот јазик припаѓа на словенските јазици, но нема да има фуснота во Обединетите Нации. Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, ниту биле дел од преговорите. Личните документи и…
Спомениците на Александар Велики, на Филип Втори и на Олимпија нема да се преместуваат туку ќе бидат именувани и ќе добијат епитет што треба да го имаат, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција. „ Споменикот на плоштад Македонија, кој досега се именуваше како „Воин на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што е „Александар Македонски“ со објаснување дека овој споменик е дел од хеленскиот антички период и светското културно наследство и симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Нема уривање на „Александар Велики“ рече Бошњаковски. Тој уште појасни дека истото ова важи и за спомениците Филип Втори…
Со прозивки кој каква домашна култура има, со навреди на лична основа и со коментари „лажете“, и „ненормални“, во Собранието беше донесен Кодексот за етичкото однесување на пратениците. Ова е прв ваков Кодекс , кој ќе треба да го потпишат сите пратеници и да се обврзат дека во своите говори нема да користат термини со кои ќе поттикнуваат омраза и насилство и ќе го почитуваат пратеникот од друга партиска опција. По донесувањето на Кодексот, претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека очекува „повеќе во Собранието да нема дискусии како денешната дебата за етичките правила на пратениците“. Кавгата започна по говорот…
Политичарите лажат зашто се надеваат дека нема да ги фатат, вели пи – ар експертот Петар Арсовски
Една година по драматичните случувања и трансферот на власта по 11 годишно владеење на ВМРО ДПМНЕ, атмосферата генерално е променета и покрај перцепцијата дека не се остварија сите очекувања од „реформската“ влада предводена од Заев. Во овој период власта покажа дека ги слуша реакциите на граѓаните, кои сега послободно го искажуваат својот став, но исто така не успеа да ги испорача ветувањата на краток рок. Поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малески вели дека „недостатоците во практицирањето на власта се производ на фактот дека ние се’ уште не сме изградиле демократска нормална држава со строги контроли кон поведението на власта“. Затоа…
Европскиот Параламент ги номинираше „свиркачите„ од Македонија, Златко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски – двајцата поранешни вработени во УБК, кои открија дека повеќе од 20.000 политичари, министри, опоненети, новинари и бизнисмени се прислушуваат, за наградата за „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“ која за првпат ќе се додели во чест на убиената новинарка од Малта Дафне Каруана Галиција. Апликацијата ја поднеле од Транспарентност Македонија. Освен македонските „свиркачи“ , во тесниот избор за добитници на оваа награда се и: словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак кој беше убиен, основачот на Викиликс Џулијан Асанж, Мариа Ефимова, укажувач која откри корупција поврзана со политичарите…
Решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција најверојатно ќе започне со потпишувањето Договор за добрососедство и пријателство каков што беше со Бугарија, а откако ќе се постигне согласност за спорните прашања, ќе се внесат обврските на двете страни, вели за НОВА поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов
Владата на Заев ќе се проширува со министри од ДПА, Беса на Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој нема да добие министерско место, туку функција во пониските ешалони на извршната власт. Предлогот за реконструкција на Владата се очекува до крајот на неделава да биде испратен во Собранието. До тогаш партиските органи на новите владини партнери ќе треба да го верификуваат изборот на кадри кои ќе бидат предложени за членови на Владата на Заев. ДПА на Централното претседателство одлучи да ги номинира Бардил Даути, професор по економија на Тетовскиот Универзитет, за министер за инвестиции и д-р Митасим Беќири…
Дивергентните ставови во однос на промената на Уставот на македонската и грчката страна ја комплицираат завршницата на преговорите за спорот и ги минимизираат шансите да се постигне договор пред Самитот на НАТО и почетокот на пристапните преговори со Европската Унија. За финален договор за тридеценискиот спор со кој би се отворила евроатлантската интеграција на Македонија остануваат помалку од два месеци – период во кој двете страни ќе се обидат да најдат излез од ќорсокакот. Главен проблем е инсистирањето на Грција, Македонија да го промени Уставот со што новото договорено име би се користело и за домашна употреба, со што не…
Шестмесечните интензивни преговори меѓу македонската и грчката Влада за да се затвори тридеценискиот спор меѓу двете земји влегуваат во завршна фаза. Под притисок на временските рокови – во јули е НАТО Самитот, а во јуни пристапните преговори со Унијата, месецов ќе се направат последни обиди за да се постигне можен договор кој би ја деблокирал евроатлантската иднина на Македонија. И покрај напорите направени на последните средби, остануваат разликите во однос на прашањето за промена на Уставот што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на новото име. Како клучен датум и последна шанса за решение се посочува средбата меѓу…
Фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД“ регистрирана на Бахамите од пред една недела е меѓу доверителите на ФЕНИ. Промената во Централен регистер била направена на 17 април. Во регистерот пишува дека освен фирмата од Бахами, за членови на Одборот на доверители во отворената стечајна постапка се именуваат и Цементарница УСЈЕ Скопје и ТАВ Македонија, а се разрешуваат досегашните доверители: Комерцијална Банка, Стопанска Банка и МЕПСО АД Скопје. Кој стои зад фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис“ не е познато. Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешенал која имала увид во договорот склучен со стечајниот управник на Фени, вели дека наместо потпис од физичко лице,…
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека преговорите за името се непредвидливи, бидејќи прашањето не зависи само од нас, но важно е да се постигне договор до јуни пред Самитот на НАТО што треба да се одржи во јули. Коментирајќи ја изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас дека нема време за влез на Македонија во НАТО, Шеќеринска вели дека земјава очекува да добие покана на јулскиот Самит, а извесно е дека членството нема да се случи годинава. „Ако решение се најде во јуни, тоа треба да донесе пресврт на Самитот во јули. Важно е процесот да…