Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Шарената револуција има намера наскоро со акции да ја покаже својата солидарност кон сестринските движења во Европа. Засега не даваат детали за акциите. Ги чуваат како изненадување
Препораката за членство полека не напушта. Но, благодарение на една голема европска маана, Македонија може да ја сочува препораката за старт на преговори за членство.
Американската амбасада му се придружи на комесарот Јоханес Хан во апелот до претседателот Иванов целосно да ја повлече аболицијата за да може државата да се врати на нејзиниот евроатлантски пат. „Како што рековме минатата недела, делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе придонесе за пораст на чувството на неказнивост во земјата и ќе ја попречи Македонија да направи прогрес кон најважните цели, вклучувајќи го и прогресот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора сеопфатно да се справи со овој проблем“, стои во реакцијата на амбасадата на САД објавена на Фејсбук. Денес претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да ја поништи аболицијата за 22 лица кои…
Советот на Европа им препорачува на македонските власти да креираат независно тело кое ќе ги истражува жалбите за лош третман на бегалците.
Нашата тазе влада изгласана без опозицијата се заканува да му го нанесе смртниот удар на Пржино. Но, тоа не го спречува шефот на нашата дипломатија Никола Попоски низ Брисел да раскажува убави приказни.
Во 1974 година Евровизија и помогна на Португалија да ја започне својата револуција за ослободување од диктатурата Салазар.
Ердоган им оди на нерви на Европејците. Чувството е взаемно. И тие него го нервираат
На овие демонстранти им се придружи и Ерван Фуере, поранешниот амбасадор и специјален пратеник на ЕУ во Македонија. Тој пред неколку дена протестираше и во Скопје
Европската народна партија, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и најголемата политичка формација во ЕУ, призна дека најсериозната пречка на нашиот ЕУ пат не е спорот со Грција туку внатрешната политичка ситуација.
Намерата беше Македонија да почне преговори за членство со ЕУ, но Иванов ја донесе одлуката за аболиција и земјата се врати на нула.
Идните генерации на британски деца ќе ги гледаат своите татковци како да се луди и нема да веруваат дека еден ден во минатото еден британски министер сонувал Велика Британија да стане Албанија.
Според прелиминарниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР, изборите во Србија минале мирно и биле добро организирани. Но, во тој прв извештај боде очи отсуството на зборовите “демократски” и “фер”.