Author: НОВА ТВ Terziova

Францускиот претседател Емануел Макрон добил потврда од претседателот на Бугарија, Румен Радев и од премиерот во оставка, Кирил Петков дека го прифаќаат предлогот кој попладнево пристигна во Скопје. За време на прес-конференцијата на самитот на НАТО во Мадрид, Макрон изрази надеж дека „разгледувањето на предлогот од двете страни во наредните денови ќе го потврди“ фактот дека предлогот се однесува на сите чувствителни прашања за двете страни, пренесе БГНЕС. „Уште од овој момент претседателот и премиерот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. За усвојувањето ќе бидат потребни консултации во Скопје. Оваа одлука носи предвидливост и сигурност за надминување на споровите…

Read More

Апелациониот суд и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо. Од првостепената пресуда каде е осудена на 19 години затвор, сега таа има три години помалку за лежење, односно 16 години затвор -Второстепената пресуда е брука, бидејќи судиите не си ја почитуваа ниту својата прва одлука, кога веќе еднаш го вратија предметот од почеток и дадоа насоки како да се постапува. Сега, истиот совет, носи различна одлука, со која и намалуваат само три години од затворската казна, вели адвокатот на Ангела, Звонко Давидовиќ. Мајката на убениот Пино, Маја Трпковска, вели дека таа барала доживотен затвор,…

Read More

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во изјава за „Сител“ кажа дека модификуваниот француски предлог, кој пристигна во Скопје, е далеку подобар од претходниот. „Можам да ви кажам дека модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот. Дали е тоа доволно добро, засега ќе се воздржам. Не смееме да ја повториме грешката од минатиот пат. Не може никој – не претседател, премиер или некој друг да зборува во име на цела нација, постојат надлежни институции кај нас“, кажа Пендаровски. Пендаровски кажа дека мора да искомуницираат со граѓаните пред да се донесе конечната одлука, а исто така мора да имаме…

Read More

До Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за надворешни работи денеска од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на македонските jaвно изнесени позиции и ставови. Извори за Нова ТВ неофицијално велат дека во преговарачкиот процес во предлогот стои чист македонски јазик во ЕУ, а Протоколот и историските прашања не се дел од преговарачката рамка. На само неколку часа пред завршетокот на француското претседателство дојде до пресврт во закочениот евроинтеграциски процес на Македонија. Најпрвин францускиот претседател Емануел Макрон објави од Мадрид дека има решение за бугарската блокада и дека Македонија може да ги почне преговорите, а на…

Read More

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски упати благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот. „Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија. Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност…

Read More

Велика Британија ќе ја прекине испораката на гас за ЕУ ​​доколку западне во криза, пишува „Financial Times“, повикувајќи се на акционен план во четири чекори за енергетските компании во земјата. „Доколку дојде до криза со природен гас на островот, испораките за Холандија и Белгија ќе бидат прекинати“, се вели во мерките. Ова ќе биде една од првите мерки што Лондон ќе ги преземе во случај на проблеми во енергетскиот сектор, станува јасно од публикацијата. Како поранешна членка на ЕУ, Британија е поврзана со гасоводи со континентална Европа и Ирска. Во Унијата еден од принципите е взаемна помош во време на…

Read More

Српскиот претседател, Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од рускиот претседател, Владимир Путин во Србија, покажало истражувањето на „Демостат“. Најпопуларен српски политичар, по Вучиќ е претседателот на Република Српска – Милорад Додик, а граѓаните го доживуваат Виктор Орбан како домашен лидер. Едно од прашањата на анкетата – истражувањето било и тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето. Секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, а четвртина ги сметаат Македонци за најблиски. Доколку утре има референдум за влез на Србија во Европската Унија, „ЗА“ би гласале 34 отсто од граѓаните,…

Read More

Татко од Вирџинија се самоуби откако го пронашол мртов својот 18-месечен син на задното седиште во автомобил како стои на сонце. Маж се самоуби во близина на куќата во која полицијата го пронашла телото на момчето. „Ова е ужасна трагедија по толку многу основи“, изјави началникот на полицијата во Честерфилд, Кристофер Хенсли. Полицијата верува дека таткото отишол на работа каде поминал три часа и дека заборавил да го остави синот во градинка. Вирџинија оваа недела беше погодена од топол бран. Семејството на момчето ја алармирало полицијата кога детето не се појавило во градинката. Полицијата ја пребарала куќата на таткото и…

Read More

Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, негирање. Ова е суштината на нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време. Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета, изјави Едвард Џозеф предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ. Тој посочи дека предлага САД да го…

Read More

Владејачкото мнозинство во Парламентот не успеа да ги донесе измените на Законот за работни односи и 60-ина судии и 13 обвинители од задутре ќе одат во пензија. Само што вечерва почна седницата за овие измени, кои опозицијата жестоко ги бранеше предизвикувајќи и инциденти, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина. „Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања.…

Read More

По доцнење од околу половина час, вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, двата по скратена постапка. Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека нема услови за разгледување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година зошто се уште не е поминат на соодветната комисија. Предлог-законот за дополнување на Законот за…

Read More

Турција побара екстрадиција на 33 лица осомничени за тероризам во рамките на договорот со кој се согласи да не го блокира приемот на Шведска и Финска во НАТО. Двете скандинавски држави денеска и формално добија покана за членство во НАТО и генералниот секретар Јенс Столтенберг очекува процедурата да заврши во рекордно краток рок. Русија го опиша проширувањето на НАТО како дестабилизирачки фактор. „Очекуваме Финска и Шведска да ги исполнат своите ветувања. Ќе бараме екстрадиција на терористи“, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг. Анкара претходно се закани дека ќе го блокира зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, обвинувајќи ги…

Read More