Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
https://www.youtube.com/watch?v=lYoRmlK3MlQ Одговорна власт е онаа која преку макотрпна работа и создавање систем за нови работни места како и економски раст го прави тоа. Ова е една од пораките кои денеска ги испрати вицепремиерот Владимир Пешевски при заедничката прес-конференција со министерот за финансии, Кирил Миноски на која ги презентираа успесите на Владата признаени од „Дуинг бизнис“. Одговарајќи на новинарско прашање за стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување околу неговата одржливост, Пешевски посочи дека властите не направиле застој во пензиите, напротив ги зголемиле и редовно ги исплаќале, а од пензионерите “направиле луѓе со достоинствено право на живот“. – Одговорна влада…
https://www.youtube.com/watch?v=BNj1F6LaJzQ Министерот за финансии, Кирил Миноски одби да го коментира недомаќинското работење на неговите колеги од Министерството за образование – Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски, за кои во Ревизорски извештај беше обелоденето дека трошеле без мерка. На денешната прес конференција каде што Миноски и вицепремиерот Владимир Пешевски образложуваа дека според „Дуинг бизнис“, Македонија е помеѓу десетте најдобри економии за водење бизнис во светот, НОВА побара реакција од Миноски за трошоците на Министерството што наиде на зачудување зошто истото прашање се поставува на “тематска“ прес-конференција. – Во моментов разговараме за извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка со кој што се истакнуваат резултатите…
Речиси секое новинарско прашање адресирано до него, претседателот на Судскиот совет го оценуваше како „несериозно“ и дека дел од нив биле политички констатации на новинарите
Директорот на УБК не соработува, а не знаеме по кој основ овде е присутен и Митко Чавков. Цела ноќ ќе ја поминеме во УБК, а тука ќе сме и наредните денови
Власта се обидува предизборно да изврши притисок врз вработените во институциите кои работат на полето во културата, обвинува Виктор Илиески од Независниот синдикат на културата. Како што неодамна објави на својот Фејсбук профил, Илиески за НОВА вели, станува збор за притисок во неколку институции во форма на потпишување нови договори и решенија на вработените коишто ќе бидат во согласност со новите измени во Законот со култура а кои се донесени без согласност на над 800 членови на независниот кандидат. – Ние како независен синдикат на културата не го признаваме тој закон и ги одбиваме сите тие членови коишто се за…
https://www.youtube.com/watch?v=cCBHXFjaCnA Со 110 гласа За и ниту еден Против, Собранието донесе решение да се распушти во пресрет на предвремените избори закажани за 11.декември. Во завршните говори, Рената Дескоска порача дека земјава 10 години ја живее агонијата предизвикана од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои вели таа, масовно ги кршат човековите права, ги иселија младите, ги партизираа институциите и ги уценуваа државните службеници. Таа порача дека на 11.декември сето тоа ќе заврши со победата на опозицијата. Илија Димовски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак, рече дека македонскиот народ не заслужувал дестабилизација и не прифаќа рушење на државата каков што имало обид…
-Важно е да се почитува работата на СЈО и бев уверуван дека тоа ќе продолжи да си ја врши работата непречено, изјави Хан
По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека му порачал дека за да се усвојат новите закони за Специјалното јавно обвнителство, треба да се направи нов договор, бидејќи немало време. – Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори, дополни тој. Претходно Хан се сретна и со премиерот Емил Димитриев, со специјалната јавна обвинителка Катица јанева, со претставници на граѓанскиот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Последната средба ќе му…
https://www.youtube.com/watch?v=GlH4T3Wv8L4 Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, веднаш по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, пред новинарите рече дека имале конструктивен и корисен разговор. Според него, условите за одржување на изборите се делумно исполнети, непрецизирајќи за кои прашања неговата партија се уште смета дека треба да се разговара. Тој вели дека ќе го прифатат изборниот резултат откако ќе се објави официјалниот резултат, а кој ќе биде верификуван од меѓународната заедница и само доколку ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се држат до договореното. Одговарајќи на новинарски прашања, Тачи порача дека неговата партија пред распуштањето на Парламентот, ќе го поддржи донесувањето на законите за СЈО и…
https://www.youtube.com/watch?v=EWww1lzJlcg Ако знаењето е сила, знаењето е моќ, тоа подразбира квалитетно образование кое ќе се добие изучувајќи го во современи стандарди. Но на само неколку километри од центарот на главниот град, во Горно Нерези, учениците се стекнуваат со знаење во нешто што наликува на скривница. Саби Демири, жител на Нерези, вели ова училиште е изградено 1937 година а пуштено во употреба 1942, и оттогаш наваму една цигла не е променета од страна на државата. И покрај директните ветувања кои градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски им го дал на мештаните, дека ќе направи ново училиште, се чини заборавил на своето…
Во однос на измените кои таа ги бара за продолжување на рокот на обвинителството и измените во Законот заштита на сведоци, Јанева изрази надеж дека пред да се распушти Собрание пратениците ќе ги изгласаат овие закони.
https://www.youtube.com/watch?v=JKhlI-LcHqE Едукација до одржувањето на изборите на 11.декември е дел од меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР. Државната администрација во периодот кој следи обуки со видео прирачник како подобро и попрофесионално да мине изборниот циклус а за оценување на ангажираната администрација ќе биде спроведено и онлајн тестирање. – Заедничката цел е преку интензивна и добро структурирана едукација на изборната администрација при спроведување на изборите да се адресира дел од претходноидентификуваните проблеми, меѓутоа на тој начин би ги адресирале и дел од препораките нотирани во извештаите од претходните избори, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.…