Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија под ригорозни мерки: Четвртиот локдаун ги опустоши улиците на Виена

0
By Sashko on November 22, 2021 СВЕТ
Фото: nhregister.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 12:07

Австрија од денеска воведе нов, четврти, локдаун, во насока на запирање на ширењето на коронавирусот. Затворањето е воведено бидејќи просечната смртност од ковид-19 се зголеми за тројно во последните недели, а дел од болниците предупредија оти нивните одделенија за интензивна нега го достигнуваат максималниот капацитет на искористеност, пренесува агецијата „Анадолија“.

Забраната за движење ќе биде на сила најмалку 10 дена, но може да биде продоложена и на 20, порачаа официјални лица. Луѓето ќе може да излезат од нивните домови само за одредени причини, како набавка на намирници, посета на лекар или на вежбање.

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека ќе воведе национална блокада со цел да се запре четвриот бран на пандемијата на коронавирусот. Учениците ќе мора да се вратат на моделот за онлајн образование, рестораните ќе бидат затворени, а сите културни настани ќе бидат откажани.

Почнувајќи од 1 февруари во 2022 година, во Австрија ќе биде воведена задолжителна вакцинација. Земјата претходно проба со изолација на невакцинираните лица, но тоа недоволно го забави ширењето на коронавирусот. Околу 66 отсто од населението на Австрија е вакцинирано во целост.

Австрија е меѓу неколкуте западноевропски земји во кои инфекцијата е во рапиден пораст и каде постои загриженост дека стапката на вакцинација е недоволна за запирање на зимскиот скок на заболени по болниците.

Најновиот локдаун во Австрија е четврти од почетокот на пандемијата на ковид-19 и доаѓа во момент на безуспешна борба на државата да го запре бројот на нови случаи. Во петокот беа пријавени дури 15.809, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата.

Новите мерки наидоа на жесток отпор меѓу населението. На протестот во Виена во саботата, според полициски проценки, се собраа 40.000 лица, меѓу кои имаше и членови на крајно десничарски партии, организации и групи.

Австрија Виена Коронавирус Локдаун мерки Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.