Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Преговорите за влез на „Алтернатива“ во Влада се при крај, наредната недела и договор за ресори

0
By Sashko on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговорите за влез на „Алтернатива“ во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. Во моментот е многу важно нашата држава да има стабилна влада, стабилно Собрание каде ќе се носат вакви важни одлуки, а во делот на отстапување на ресори веќе при крај се преговорите. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Тој, меѓу другото, истакна дека не доаѓаат во предвид предвремени парламентарни избори, бидејќи ДУИ е, вели, заинтересирана да ја реализира целосно програмата до 2024 година.

Запрашан дали ќе го поддржат кое било име што ќе биде предложено од СДСМ како иден мандатар, Бектеши рече дека според ДУИ, Заев треба да остане како претседател на Владата, но дека штом завршат внатрепартиските избори во СДСМ нивна одлука ќе биде за тоа кој ќе биде нивен мандатар и дали Заев ќе се повлече. За интегративците, повтори, важна е стабилноста на Владата.

Важно е Владата да биде стабилна, да се реализираат програмските определби за кои граѓаните ни ја дадоа довербата, а најважно од се, се крупните политичките прашања како што е Договорот со Бугарија и реализиација на капиталните инвестиции како што е националниот гасовод, дистрибутивната мрежа која треба да ја почнеме наредната година што ќе овозможи за индустријата и домаќинствата сигурно снабдување со енергенси и диверзификација на енергенсите, вели Бектеши.

„Алтернатива“ ја одложи за утре седницата на Централниот совет на која треба да се одлучува дали партијата ќе биде дел од Владата. Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламенраното мнозинство од нивните четворица пратеници.

Според владиното соопштение, на третата средба има напредок во преговорите, но без конркетни кадровски решенија. Напредокот е во дополнување на содржинскиот дел на владината програма. Биле разменети и идеи од двете страни за тоа како да се споделат одговорностите во институциите на централната власт.

Алтернатива Влада Влез Крешник Бектеши Македонија мнозинство парламент ресори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.