Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин останува посветен на старт на преговорите за членство на С. Македонија во ЕУ

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), поради што активностите на Германија ќе бидат решително насочено кон остварување на заедничка стратешка цел – одржување на првата меѓувладина конференција на земјава со Унијата.

Ваква пораки вчера испрати новата германска државна министерка за Европа, Ана Лирман по средбата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во Берлин и амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, што се оценува како знак на континуитет на позициите на Берлин во насока за изградба на Европа базирана на вредности и принципи и со фокус на македонското европско досие како клучен приоритет.

Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа којашто вие ја живеете. Тоа е задача на нашата генерација. Почетокот на пристапните преговори ќе ја насочи енергијата кон иднината и ќе нé направи победници во справувањето со современите предизвици како што се климатските промени и надминувањето на економскиот јаз преку продлабочена соработка, наместо кон минатото кое влече назад и во кое сите сме губитници. Нашиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан, нагласи Димитров на средбата со Лирман.

Димитров, кој беше прв странски гостин на Лирман од нејзиното стапување на должноста, во разговорите детално ги претстави достигнувањата и предизвиците на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, како и приказна на доследност и надеж за европската перспектива на регионот.

Северна Македонија и регионот се дел од Европа и иако сé уште не сме дел од ЕУ, борбата за обединета, прогресивна Европа е наша заедничка борба, при што во Германија гледаме еден столб на Европа, како сила што влече кон добро и како на исклучително важен партнер, и политички и економски, истакна Димитров.

Претходно, на средбите на Димитров со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино и со државниот секретар во германското МНР, Мигуел Бергер, беше оценето дека политиката на проширување е најважната алатка на надворешното дејствување на ЕУ, како и дека македонското евроинтеграциско досие е клучно за кредибилитетот на Унијата.

Санино на средбата истакнал дека најважниот чекор напред во политиката на проширување е почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, додека Бергер нагласил дека Германија ќе продолжи интензивно да работи на ова прашање што е наведено како приоритет и во коалициониот договор на новата Влада.

Германската амбасадорка Холштајн, во интервјуто за „Дојче веле“, истакна дека официјален Берлин не поддржува никакви алтернативи за полноправното членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и нагласи дека очекува брз почеток на пристапните преговори на Северна Македонија.

Таа во интервјуто напоменува дека во коалицискиот договор на новата германска Влада предводена од канцеларот Олаф Шолц, има јасни насоки за натамошна поддршка за Западниот Балкан и конкретни насоки во однос на Северна Македонија.

Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување, нагласи Холштајн.

Потсетувајќи дека ЕУ е заедница на држави во која владее принципот на консензус, Холштајн во врска со спорот со Бугарија напомена дека Германија и под водството на Ангела Меркел сторила се што е во нејзина моќ „за да го ослободи патот на земјава кон ЕУ“, а вети безрезервна поддршка и од новата германска Влада на Шолц.

Во врска со тоа дека во Скопје и Софија наскоро ќе има нови влади и колку е реално очекувањето спорот да се реши до првата половина на јануари, Холштајн вели дека Северна Македонија сторила сѐ за да биде слободен патот за првата меѓувладина конференција и предусловите се тука.

Ана Лирман Анке Холштајн Германија ЕУ Македонија Никола Димитров поддршка преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.