Бешикташ и Бенфика ремизираа во Истанбул (3:3) во првиот меч од петтото коло во групата Б во Лигата на шампиони. Од конечниот исход пресреќни домашните фудбалери, шокирани гостинските кои на полувреме имаа убедливи 0:3 што во вториот дел не успеаја да го задржат и обезбедат место во осминафинале. Гедес во 10, Семеда во 25 минута и Фејса во 31 минута погодија за португалскиот состав, турскиот возврати преку Тосун во 58 минута со спектакуларен гол со ножички, Кварежма во 83 минута од пенал и Адубакар во 89 минута.

Бенфика со ова сама ја искомпликува својата судбина и сега се соочува со елиминација од ЛШ. Во наредното коло на „Луж“ во Лисаон ќе гостува Наполи. Во случај на триумф на калчолигашот и на Бешикташ против Динамо во Киев, Португалците ќе мора да се помират со трето место што како утеха ја носи нокаут фазата во Лига Европа.