Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Би-Би-Си: Искусни ЕУ дипломати гневни за блокадата на Северна Македонија и Албанија

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: nbcnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 12:07

Многу искусни дипломати од Европската Унија се гневни по блокадата на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите за членство од страна на Франција и две-три други земји членки, јавува „Би-Би-Си“. Според британскиот јавен радиодифузен сервис, „поразот“ дојде по препораките за старт на преговорите со двете земји од Европската комисија и Европскиот парламент.

Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер изјави дека „ова е голема историска грешка“ и порача оти „се надева дека тоа е само привремено“, додека првиот човек на Европската совет,  Доналд Туск изјави дека „тоа не е пораз, туку грешка“ и дека „се чувствува посрамен“, наведува „Би-Би-Си“.

Според телевизијата, Франција била единствена земја што го блокирала почетокот на преговорите со Северна Македонија, додека Холандија и Данска му се придружиле на францускиот претседател Емануел Макрон во спротивставувањето на стартот на преговарачкиот процес со Албанија. Макрон порача дека Северна Македонија и Албанија треба да одат во пакет и дека е потребно реформирање на процесот на проширување.

„Ова е полемика за визијата. Потребна е реформа во правилата за проширување. Не треба да отвораме преговори за членство со Северна Македонија, пред Албанија, треба да има мнозинство за преговори со двете (земји) заедно. Треба да направиме повеќе да им помогнеме на тие земји да се развијат, а не само да даваме ветувања“, ја пренесува „Би-Би-Си“ изјавата на францускиот претседател на вчерашната прес-конференција.

Британскиот сервис наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека постои „разочараност“ од одлуката, но дека „прашањето ќе биде разгледано на самит за Западниот Балкан на почетокот на идната година“. Според неа, Французите сакале процесот за проширување да биде потранспарентен.

„Има различни оценки што овие земји треба уште да направат. Некои велат тие не направиле доволно. Северна Македонија заврши прилично многу работа, изјави Меркел.

„Би-Би-Си“ потсетува и дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги обвини лидерите на ЕУ за неисполнетите ветувања кон двете земји. Земјите членки сега треба да објаснат колку сериозно се посветени на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, изјави тој.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пак, предложи преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија да се „рестартираат“ во ноември, опишувајќи ја одлуката како „историска грешка“, додека неговиот белгиски колега Шарл Мишел вети дека прашањето нема да биде одминато, најавувајќи дека ЕУ „ќе гледа подоцна да се наврати на оваа дебата, додава „Би-Би-Си“.

Би-Би-Си датум Емануел Макрон ЕУ самит Македонија преговори реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.