Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Биланс за корона-вирус: Починати 305 лица, прв смртен случај надвор од Кина

0
By Нова ТВ on February 2, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 2, 2020 10:09

Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 305, а регистриран е прв смртен случај надвор од Кина. На Филипини, борбата со болеста ја загуби 44 годишен кинески државјанин од Вухан како последица на тешко воспаление на белите дробови. Појавата на вирусот е потврдена во повеќе од 25 земји во светот, а бројот на заразени се зголеми на 14.300, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Голем број земји организираа авионски превоз за своите граѓани кои во моментов се наоѓаат во областите во кои се појави вирусот, а се воведуваат и други превентивни мерки, како двонеделен карантин и забрана за летови кон Кина.

Фото: cnn.com

Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги повика фабриките за медицинска опрема за контрола на вирусот да го зголемат производството и предупреди дека продавниците не смеат да бидат затворани.

Најголем број починати и заразени има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, каде се појави вирусот.

Масовна евакуација од Вухан, центарот на коронавирусот

Од Вухан, центарот на епидемијата на коронавирусот, со воени авиони од различни земји во тек е евакуација на странските државјани кои веднаш по слетувањето се прегледуваат и упатуваат во двонеделен карантин. Во меѓувреме, се поголем број авиокомпании ги прекинаа летовите кон градот, но и Кина со чартер летови ги враќа граѓаните на провинцијата Хубеи од странство.

Фото: abc7news.com

Во Франкфурт синоќа слета авион од Вухан со 128 патници, претежно германски државјани, кои ќе минат двонеделен карантин во воена база.

Авион на турската армија од Вухан слета во Анкара со 42 лица, од кои 32 се турски државјани, а останатите се државјани на Албанија, Грузија, Бугарија и Азербејџан. Како што пренесе Анадолија, пристигнати се и 17 членови на екипажот и сите ќе бидат префрлени во болница каде ги поминат наредните две недели поради претпазливост.

Фото: sky.com

Франција, исто така, ги евакуира своите државјани, а првата група стигна во петокот.

Од Вухан денеска треба да полета и авион со италијански државјани, кои по слетувањето во Рим ќе бидат упатени во карантин во воена база, најави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Руската војска почнува евакуација на своите државјани од Кина во понеделник и вторник, јави агенцијата ТАСС.

Фото: cnbc.com

Стотина државјани на САД и Јапонија веќе се евакуирани од Вухан. Пентагон го одобри барањето на Министерството за здравство за помош и сместување на околу илјада луѓе кои ќе бидат во карантин по пристигнувањето од странство. Во случај на потреба одредени се четири воени објекти, два во Калифорнија и по еден во Колорадо и Тексас.

Фото: firstpost.com

Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Индонезија, Велика Британија, Индија и Малезија, исто така, планираат да ги евакуираат своите граѓани од Кина.

Авионите веднаш по слетувањето се чистат со специјални хемикалии кои треба да ги отстранат сите можности за пренесување на овој вирус.

биланс евакуација Карантин Кина Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.