НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомбардирани цели во Сирија: Дали Асад ќе биде заплашен

2
By Нова ТВ on April 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

https://www.youtube.com/watch?v=fgUZds7crdk

САД, Велика Британија и Франција во раните утрински часови бомбардираа повеќе владини цели во Сирија, кои се наводни локации за хемиско оружје.

Бомбардирањето е одговор на сомнежите за хемиски напад врз жителите на сирискиот град Дума минатата недела.

Експлозии одекнаа во главниот град Дамаск, како и на две локации во близина на градот Хомс, соопшти Пентагон.

Рускиот амбасадор во САД изјави дека нападот врз нејзиниот сојузник “нема да остане без последици”.

-Велика Британија, Франција и Соединетите Американски Држави ја демонстрираа праведната моќ против варварството и бруталноста, рече американскиот претседател Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа околу 21 часот по локално време.

-Целта на нашите активности вечерва е да се стави пречка за производство, ширење и употреба на хемиско оружје, додаде тој.

Тој додаде дека нападите се насочени кон цели поврзани со капацитетите за хемиско оружје на сириската влада. Во врска со хемискиот напад во Дума, тој рече:  „Ова не е акт на човек, тоа се злосторства на чудовиште”.

Овој бран напади е најсериозниот со кој се соочила владата на сирискиот претседател Башар ал Асад од страна на западните сили, за овие седум години колку што трае граѓанската војна во Сирија.

Погодени три цели, тројца цивили се повредени

На брифингот во Пентагон кратко време по објаата од страна на Трамп, генералот Џозеф Данфорд наведе три цели што биле погодени:

-Научно-истражувачки објект во Дамаск, наводно поврзан со производство на хемиско и биолошко оружје
-Магацин за складирање хемиско оружје западно од Хомс
-Магацин за складирање опрема за хемиско оружје и важно командно место, исто така, во близина на Хомс

Сириската државна телевизија објави дека владините сили пресретнале повеќе од десетина проектили и тврдат дека само  истражувачки објект во Дамаск е оштетен.

Тројца цивили сеа повредени во Хомс, се вели во соопштението.

Иако Трамп во обраќањето најави дека „се подготвени да го поддржат овој воен одговордодека сирискиот режим не ја запре употребата на забранети хемиски агенси”, американскиот секретар за одбрана рече дека “сега, ова е еднократен напад”.

Генералот Данфорд потврди дека нападите се завршени.

Генералот Данфорд рече дека САД конкретно ги идентификувале целите што ќе го “ублажат” ризикот од руски жртви. Но, Пентагон рече дека Русија – која има сили на теренот во Сирија за поддршка на владата – не беше однапред објавена за целите.

-Се остварија најлошите предвидувања. Нашите предупредувања беа игнорирани. Се спроведува претходно направеното сценарио. Повторно, се закануваме. Ние предупредивме дека ваквите активности нема да останат без последици. Целата одговорност за нив лежи во Вашингтон, Лондон и Париз. Нападите врз рускиот претседател се неприфатливи и недозоливи. САД – најголемиот поседувач на хемиско оружје нема право да обвинува други земји, се вели во изјвата на Руската амбасада во САД на Твитер, која во скратена верзија потоа исто така на Твитер е постирана како изјава на амбасадорот Анатолиј Антонов.

Меј: Нападите не се за промена на режимот

Премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Мej ја потврди британската инволвираност, велејќи дека “немало практична алтернатива за употребата на сила”.

Но, таа исто така рече дека нападите не се насочени кон “промена на режимот”.

Велика Британија учествувала во нападите со четири авиони “Торнадо“  кои погодиле една од целите споменати од страна на Пентагон – воена локација во близина на градот Хомс за која се верува дека е магацин за материјали за хемиско оружје, наведе британското Министерство за одбрана.

И францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, го потврди учеството на неговата земја во операцијата.

-Десетици мажи, жени и деца беа масакрирани со хемиско оружје, изјави тој за нападот во Дума пред една недела, додавајќи дека “црвената линија е премината”.

Што ќе биде различно овојпат? 

Овој напад се смета за позначаен од американскиот напад врз сириската воздухопловна база пред нешто повеќе од една година, но на прв поглед се чини дека е многу поограничен отколку што претходно најавуваше реториката на Трамп.

Минатата година биле исфрлени околу 59 проектили. Овој пат се користени малку повеќе од двојно од таа бројка.

Нападите засега се завршени, но останува  јасното предупредување дека доколку режимот на Асад повторно употреби хемиско оружје, тогаш може да следат нови напади.

Но, останува главното прашање: Дали претседателот Асад ќе биде заплашен?

Минатогодишниот штрајк од страна на САД не успеа да го промени неговото однесување. Сирија го негира нападот на Дума, а нејзиниот сојузник, Русија, предупреди дека западните воени напади се ризик за почеток на војна.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) испрати мисија за утврдување на фактите на местото на наводниот напад во Сирија. Истражувачите требаше да ја започнат истрагата денеска.

САНА, официјална државна новинска агенција на Сирија ја нарече “западната акција” –  флагрантно кршење на меѓународното право”.

-Американската, француската и британската агресија против Сирија ќе пропаднат, се вели во веста.

Целите се погодени со „Томахавк“

Официјален претставник на САД за новинската агенција Ројтерс изјави дека крстосувачките ракети “Томахавк” се употребени за бомбардирање на локациите во Сирија. Секретарот Матис, исто така, рече дека обемот на нападите е за “двојно” поголем за разлика од април 2017 година, по хемискиот напад врз градот Кан Шехун, во кој загинаа повеќе од 80 лица.

Британската мониторинг група, Сириската опсерваторија за човекови права, посочи дека се погодени повеќе цели од трите наведени од страна на Пентагон.

-Воени сили погодија “научно истражувачки центри, неколку воени бази и базите на Републиканската гарда и четвртата дивизија во главниот град Дамаск и околу неа”, велат од Опсерваторијата.

Реакциите на напдите од меѓународната заедница се различни.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер даде поддршка за нападите на западните земји, велејќи дека оние што користат хемиско оружје “мора да бидат одговорни”.

-Ги поддржувам акциите на САД, Велика Британија и Франција против капацитетите и способностите за хемиско оружје на сирискиот режим. НАТО смета дека употребата на хемиско оружје е неприфатлива. Оние кои стојат зад тоа мора да одговараат.

Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така ја изрази поддршката на неговата земја. Јохн Мек Каин, претседател на Комитетот за вооружени служби на Сенатот и највисок републиканец во Конгресот кој честопати го критикува Трамп, ја поздрави воената акција.

Меѓутоа, некои демократи рекоа дека претседателот Трамп треба да дојде пред Конгресот и да добие овластување за употреба на воена сила.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, ги предупреди членоките на ОН за нивните обврски: “Има обврска, особено кога се работи за прашања од мирот и безбедноста, да дејствуваат во согласност со Повелбата на Обединетите нации и со општото меѓународно право”, рече тој. „Ги повикувам сите земји-членки да покажат воздржаност во овие опасни околности “.

Амнести интернешенал бара САД да ги отвори вратите за сириските бегалци

Како одговор на нападите, Раед Џарар, директор за Блискиот Исток Северна Африка во организацијата за заштита на човековите права, Амнести интернешнал, рече дека сирискиот народ “издржал шест години од катастрофални напади, вклучувајќи ги и хемиските напади, од кои многу укажуваат на злосторства”.

-Сите мерки на претпазливост мора да се преземат за да се минимизира штетата врз цивилите во каква било воена акција. Луѓето кои живеат во страв дека ќе ги загубат своите животи, не смее и понатаму да бидат казнувани”, рече тој.

Од организацијата укажуваат дека „милиони луѓе ја напуштиле Сирија за да избегаат од насилството и прогонството.

-Администрацијата Трамп не смее да им го сврти грбот на страдањата на мажите, жените и децата со тоа што ќе продолжи да забранува бегалците да влезат во САД. Време е САД да ги отвори вратите за луѓето кои се обидуваат да избегаат од насилството во Сирија “, велат од Амнести.

МНР на Русија: напади во момент кога имаше шанси за мир

Освен изјавата на рускиот амбасадр во САД, само портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова досега даде изјава во врска со нападите.

-САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени Захарова.

Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат екслузивно право на морално лидерство во светот.

Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, е нападната во момент кога имала шанса за „мирна иднина“.

– Белата куќа вели дека нејзината убеденост за извршен хемиски напад од страна на Дамаск се базира на извештаите од медимите, сознанијата за симптомите, снимките и фотографиите, како и на кредибилни информации. По ова, американските и другите западни медиуми треба да бидат свесни за својата одговорност за тоа што се случи, наведува Захарова во објава на својот профил на Фејсбук.

Захарова денешните напади врз Сирија ги поистовети со почетокот на операцијата на западните сојузници во Ирак во 2003 година, која, како што невдува, се базираше на тврдењата дека Багдад поседува оружје за масовно уништување.

– Пред 15 години Белата куќа искористи една епрувета и својот државен секретар, а сега наместо епрувета Вашингтон ги користи медиумите, доадва Захарова во објавата.

Британија напади реакција Русија САД Сирија Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.