Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел до Вучиќ и Курти за тензиите на северот на Косово: Дојдете во Брисел

0
By Sashko on October 15, 2021 РЕГИОН
Фото: newsbeezer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, телефонски разговарал со српскиот претседател и со косовскиот премиер и побарал да се одржи нова рунда преговори во рамките на бриселскиот дијалог за да се надминат тензиите. Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, кој прецизираше дека Борел разговарал со двајцата лидери за време на неговиот престој во САД.

Шефот на ЕУ дипломатијата во Вашингтон се сретна со државниот секретар, Ентони Блинкен, со кого разговарале за тензиите на северот на Косово.

Борел со Блинкен разговараше за Западниот Балкан и за Косово, ЕУ и САД соработуваат одблиску и имаат исти цели. Посетата на високиот претставник само ја нагласи одлучноста на двете страни да соработуваат одблиску, рече Стано.

ЕУ сака да види нова рунда на Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, под медијаторство на Унијата.

За сега не е одреден датум за нова средба, Брисел цели кон нова рунда прво со шефовите на преговарачки тимови, а потоа на највисоко ниво со двајцата лидери, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Борел и Блинкен ја истакнаа важноста од ЕУ дијалогот кој е поддржан од САД и улогата на овој дијалог за решавање на прашањата кои водат кон нормализација на односите, додаде Петер Стано.

Брисел и Вашингтон повикаа и на деескалација на тензиите меѓу двете страни.

Албин Курти Александар Вучиќ Брисел Жосеп Борел Косово Свет Србија тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.