Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел ги носи Вучиќ и Курти во Охрид да се инспирираат од Охридскиот рамковен договор

0
By Gabi Tocko on March 4, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 4, 2023 13:59

Вучиќ и Курти заедно со посредникот Борел по сите досегашни средби во бриселските кабинети и на маргините на разни меѓународни конференции за првпат ќе се сретнат во регионот. Домаќин на средбата на 18 март е Охрид.Локацијата е избрана по одлуката на ЕУ разговорите меѓу Белград и Приштина во оваа критична фаза да се одржат на Балканот. Како што дознаваме од дипломатски извори Охрид е избран како град домаќин со цел ЕУ да го демонстрира својот став кон Охридскиот договор како успешен модел за решавање на спорови кој би требало да биде и инспирација за српското и косовско раководство.

Одлуката Охрид да биде местото за новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина е донесена и поради ставот на српскиот претседател дека Македонија за него е единствена прифатлива во регионот како држава домаќин на разговорите кои добиваат на интензитет во насока на изнаоѓање решение за косовскиот проблем.

Како што информираат дипломатските извори на НОВА, високиот претставник на ЕУ, Јозеф Борел сметал дека во оваа прилика треба да и се одаде признание на Македонија како стабилен стратешки партнер на ЕУ, како и на нејзините успеси со Преспанскиот и Охридскиот договор кој ЕУ ги валоризира како пример во регионот за мирно решавање на спорови.

Борел престојот во Македонија , според истите извори, ќе го искористи да се обиде уште еднаш да даде поттик на процесот на уставните промени кои на државата треба да и обезбедат квалификација за оперативната фаза на преговарачкиот процес по завршувањето на скринингот кон крајот на годинава,

Јозеф Борел за време на престојот во Македонија ќе ја официјализира и одлуката на ЕУ за доделување на 9 милини евра помош за македонската армија. Идејата е да им се помогне на македонските вооружени сили во набавката на „клучна опрема“ за зајакнување на нивните оперативни способности, во логистика, медицинска поддршка, комуникациски и информациски системи, како и во областа на разузнавањето и ризиците од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

Борел Вучиќ курти Охрид преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.