Шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борељ вели дека фокусот на денешната средба на министрите за надворешни работи ќе биде Западен Балкан, поточно БиХ и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Пристигнувајќи на состанокот на Советот на ЕУ, Борељ оцени дека во БиХ има „тенденции кои го поткопуваат единството на земјата и го оштетуваат нејзиниот европски пат“.

Генерално, ситуацијата на Западен Балкан не е добра, оцени Борељ.

Во работниот документ подготвен од Европската служба за надворешна политика се наведува дека целокупната „атмосфера околу дијалогот меѓу Белград и Приштина е сè уште комплицирана“, се наведува дека „нема напредок во последните месеци“ и се повикува на „фокус за враќање на имплементацијата на неисполнети обврски“.