Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел подготвува “Агенда 2025 година” за членство на Балканот во ЕУ

0
By Светлана Јовановска on October 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 15:10

ЕУ со големи чекори се враќа на македонската политичка сцена. По повеќе години пауза – поради состојбата во Македонија но и во ЕУ – на повидок се шансите за почеток на преговори за членство, можеби веќе наредната година.

Првите бои на надежта, што почнуваше сериозно да бледнее, ги стави претстедателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер:

«Ако сакаме повеќе стабилност во нашето соседство, мораме да задржиме кредибилна перспектива за проширување за Западниот Балкан», изјави тој на 13 септември во својот годишен говор за сотојбата на ЕУ.

Жан-Клод Јункер

«Јасно е дека нема да има ново пропширување во текот на мандатот на оваа Комисија и овој Парламент. Кандидатите не се подготвени. Но потоа ЕУ ќе има повеќе од 27 членки по бројност. Кандидатите треба да испорачаат владеење на правото, незвисно судство и фундаментални права и тоа е приоритет за преговори», додаде Јункер.

Потоа, Јункер и неговата десна рака во ЕК, потпретседателот Франс Тимерманс, испратија писмо до естонското претседателство на ЕУ во кое ги скицираат краткорочните и среднорочните приоритети на ЕУ со најава за «стратегија за успешно членство во ЕУ за Србија и Црна Гора како најуспешни кандидати од Западниот Балкан».

Во писмото се споменуваат само Белград и Подгорица поради тоа што овие две земји веќе преговараат за членство со ЕУ. Но, тоа не значи дека другите балкански кандидати се заборавени. Се очекува дека и Албанија ќе започне со преговори во наредните месеци а потоа на ред треба да биде Македонија, велат европските извори на НОВА.

Токму зад оваа стратегија стои обемниот прашалникот што Брисел им го испрати на сите балкански кандидати за членство. Одговорите треба да бидат испратени во Брисел најдоцна на 3 ноември.

Во нив треба да има доволно аргументи со кои во февруари, кога ќе биде објавена стратегијата, или најдоцна во април, кога се очекува новиот извештај за напредок на ЕК за Македонија, треба да биде отстранета условеноста во препораката за членство, условеност која ја заработивме пред две години.

Во изминатите две години Европа остро ја критикуваше Македонија поради долгата политичка криза и одложувањето на парламентарните избори.

Оваа февруарска стратегија ќе ја скицира политиката на ЕУ кон балканските кандидати во периодот од 2020 година до 2025 година. Како што вели изворот на НОВА, тоа ќе биде еден вид «Балканска агенда 2025 слична на «Агендата 2000» за членството во ЕУ на поранешните комунистички земји од советскиот блок». Документ што беше огромна помош за влезот на овие земји во ЕУ во 2004 година.

Потоа ќе следи извештајот за напредок во април 2018 година. Да потсетиме дека досега овие извештаи беа објавувани на есен а минатата година Брисел реши овие документи да ги објавува на пролет. Се уште не е јасно дали условеноста ќе ги напушти извештаите за Македонија во февруари или во април.

Но она што е извесно е дека за ослободувањето од условеноста и за чекор напред кон ЕУ Македонија треба да направи повеќе од само убави ветувања за реформи.

Први на список се изборите што треба да поминат без било каква дамка.

Потоа судството. На пример, ќе треба да се укине Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судиите, мораат да бидат донесени измени на Законот за заштита на сведоци а треба да се провери и системот за распределба на судски случаи кај судиите (АКМИС).

Од европска страна Балканот, и посебно Македонија, очекуваат да добијат поттик и подрршка од трите балкански земји што од 1 јануари 2018 година ќе стојат на чело на ЕУ. Во јануари со ЕУ ќе претседава Бугарија а по неа доаѓаат Хрватска и Романија.

Бугарија и Хрватска се претседавачите со ЕУ во 2018 година

За почеток тука е самитот помеѓу ЕУ и Балканот во мај во Бугарија а потоа и самитот на ЕУ закажан за јуни во Софија. Самити на кои Македонија ќе може да прогласи вистински напредок на патот кон ЕУ и можеби старт за преговори за членство, со согласност на Грција.

Агенда 2025 година ЕУ Жан-Клод Јункер Западен Балкан Македонија проширување судство условена препорака членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.