Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британски политичари бараат санкции за Вучиќ

0
By Zoran Ivanov on May 14, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 14, 2025 18:31

Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми.

Му напишав писмо на министерот за надворешни работи, барајќи значителна промена во пристапот на нашата надворешна политика кон Србија, по присуството на претседателот Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај. Писмото го потпишаа уште 25 парламентарци, објави на Х пратеничката на британскиот парламент Ема Левел.

Во писмото, меѓу другото, се наведува дека Србија под водство на Александар Вучиќ ги зајакнала врските со рускиот претседател Владимир Путин, „особено како единствена земја-кандидат за ЕУ ​​што не вовела никакви санкции кон Русија и покрај ужасните злосторства извршени против Украина од 2014 година“.

Претседателот Вучиќ се обидува да ги дестабилизира Косово, Босна и Херцеговина и поширокиот балкански регион, тесно соработувајќи со Русија на Путин“ се наведува во писмото на пратениците до британскиот министер за надворешни работи.

Се забележува дека за време на владеењето на Вучиќ, Србија има значителен демократски застој, со постојани напади врз медиумите, политичката опозиција и граѓанското општество, широко распространета корупција, што придонело за масовни протести против неговата влада во последните месеци.

Настаните од 9. мај покажуваат еднаш засекогаш дека владата на Вучиќ нема интерес да ги прекине врските со Русија, додека активно промовира ултранационалистички, експанзионистички идеи за „Голема Србија“, што ризикува повторно да го доведе Балканот во крвав конфликт, се вели во писмото.

Затоа, како што наведуваат, пратениците „бараат од владата да го промени курсот, почнувајќи со серија целни санкции против претседателот Вучиќ, неговата влада и соработниците, и употреба на сите потребни дипломатски средства за да ги охрабриме нашите сојузници да го следат нивниот пример“.

Доколку сега не испратиме силна порака до српската влада, ризикуваме да ја зајакнеме решителноста на режимот на Вучиќ и да не успееме да го спречиме колапсот на кревката безбедносна ситуација на Балканот, напишаа пратениците во своето барање до британскиот министер за надворешни работи.

Тие, исто така, ја истакнаа својата поддршка за „студентите кои протестираат во Србија и граѓаните кои бараат подобра иднина за својата земја, ослободена од авторитаризам и корупција“.

 

британски Вучиќ писмо пратеници санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.