Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бундестаг: Нови избори во Македонија не се решение

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната седница на Комисијата за европски прашања на Бундестагот оценето е дека ситуацијата во Македонија е тешка и дека е неопходно посредништво за излез од кризата, јави „Дојче Веле“.

Јосип Јуратовиќ (СПД), додавајќи дека ситуацијата е тешка во поглед на формирањето влада. Тој смета дека мора да се продолжи со посредништво за да се признае резултатот од изборите и мнозинствата за составување влада.

„Во една демократија е легитимно коалициите, односно мнозинствата да се составуваат слободно. Со оглед на тоа што постои предлог за коалиција, едноставно се очекува Претседателот да се согласи со изборот. Сега сме повикани, односно европските институции во земјата треба јасно да му стават до знаење дека од демократски аспект од него едноставно се очекува тој со тоа да се согласи, тоа да го легитимира“, вели Јуратовиќ.

Тој е убеден дека со политички одговорните во Македонија мора да се зборува јасно.

„Не може да се стремите кон ЕУ, нам постојано да ни се повторува дека единствен проблем е името, а истовремено некој бара амнестија за корупцијата. ЕУ мора да покаже цврстина“, вели Јуратовиќ во изјавата за ДВ.

Тој смета дека „оние кои се на власт со сета сила избегнуваат соочување со правдата“.

„Според мое мислење, таму се кристализираше клика, која ја злоупотребувала власта можеби за лично богатење. Дека овој сомнеж е оправдан покажуваат обидите да се спречи независно судство и  обидите да се влијае врз сѐ. Имам впечаток дека сите се плашат од ‘синдромот Санадер’, но тоа е блага варијанта. ‘Синдромот Санадер’ во регионот значи дека кога Хрватска дојде до преговори за поглавјата 23 и 24 , премиерот заврши во затвор 6 години. Токму тоа се сака да се спречи, да се избегне. Оттука доаѓаат дискусиите за амнестија и други работи“, рече Јуратовиќ.

Тој препорачува досегашните европски посредници да продолжат со медијаторство, а сестринските конзервативни партии на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ укажат на партијата дека демократизација е неопходна.

Слично мислење има и Торстен Фрај од ЦДУ. Тој вели дека е неопходна нова иницијатива за партиите да седнат на маса и да најдат решение.

„Излез може да бидат само разговори. Можеби има можност преку посредство и медијација однадвор вакви разговори да бидат поттикнати и да се отстранат пречките. Ќе бидам сосема отворен – не мислам дека нови избори се опција. Гласачите гласаа како што гласаа, многу тешко, многу компликувано кога станува збор за формирање мнозинство за влада. Но, така е како што е и решение мора да се најде врз оваа основа“, вели Фрај.

Фрај вели дека на денешната седница на Комисијата во Бундестагот јасно се покажало дека мора повторно интензивно да се позанимаваат со регионот.

Тој советува дека е „неопходно партиите во Македонија да сфатат дека од изборите мора да се извлечат вистински заклучоци, дека не може да се оди на избори сѐ додека резултатите бидат некому по волја“.

„Според мене, станува збор за две работи. Прво, треба да се почитуваат резултатите од изборите, тоа важи и за мнозинствата добиени по тие избори. Второ, сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ, но и голем дел од населението, односно воздржаноста кон платформата на албанските партии и повторното ставање во центарот на суверенитетот и унитарноста на државата, треба да се почитуваат. Врз основа на овие две премиси, според мое мислење, треба да се направи обид за решение на конфликтот“, смета Фрај.

Бундестаг Влада избори Корупција Македонија политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.