Browsing: ВЕСТИ

Професорите Петар Атанасов, Вујица Живковиќ и Драги Димитриевски се одлучија за бојкот на изборите и ставање на своите кандидатури во мирување, бидејќи како што истакнаа на Универзитетот му е одземено правото да добие ректор во транспарентна, објективна и фер процедура

Американскиот весник наведува дека Вашингтон внимателно се консултира со „Сиско системс“ и други технолошки компании, телекомуникациски оператори и приватни инвестициски фирми за купување на „Ериксон“ и „Нокиа“. Предложено е европските компании да добијат даночни олеснувања во САД, но и владина поддршка за американските компании кои ќе се согласат да ги купат „Ериксон“ и „Нокиа“

Во моментот повеќе од 40 000 мостри(примероци) се секвенционирани. Она што го знаеме е дека има мала мутација на вирусот, но тоа не ја објаснува разликата во потентноста на вирусот од земја на земја, изјави Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО, за Европа

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.279 тестирања кои дадоа позитивни резултати кај 66 лица во Скопје, 20 во Тетово, по 13 во Куманово и во Штип, 12 во Ресен, по седум во Струга и во Охрид, шест во Кичево, три во Свети Николе, две во Прилеп и по едно лице во Битола, во Крива Паланка, во Кочани и во Пробиштип

Бојан Јовановски, по претходно добиена дозвола од Кривичниот суд, е спроведен од истражниот затвор во Шутка до Јавното Обвинителство (ЈО) со цел, според најавите, да поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени. Такво нешто тој најави и по изрекување на деветгодишната затворска казна во случајот „Рекет“

Според Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди, 40 проценти од локациите се достапни за партиите на власт, исто толку се наменети и за партиите во опозиција, а по 10 проценти од локациите се достапни за парламентарните партии кои немаат пратеничка група и за вонпарламентарните партии

Единствените два готови производи со повисока додадена вредност се автобусите и лековите. Па, така е забележа извоз на лекови од преку 36 милиони евра, шест повеќе од извозот на автобуси, покажуваат податоците на Државниот Завод за статистика