Browsing: ВЕСТИ

Орхан Дузгун, пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија, падна во турскиот парламент во Анкара додека неговите колеги пратеници се степаа со членовите на владејачката АК партија за време на дебатата за закон за зголемување на полициските овластувања

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала синоќа во 22:21 часот го потресе Тузланскиот кантон во БиХ, објави Сеизмолошкиот институт во Бања Лука

Во светот растат случаите на злоупотреба на сајбер просторот, не само за економски криминал, туку и за ширење омраза и екстремизам. Експертите предупредуваат дека се неопходни итни мерки за справување со ваквата појава

Случајот со работниците на „Раде Кончар – сервис и поправка на електрични производи ДОО“ е класичен пример како државата не ги заштитува пријавувачите на кривични дела, односно наместо да застане во нивна одбрана, а да ги гони пријавените, таа молчи, додека работниците, затоа што пријавиле криминал во надлежните институции, останале без работа

Како дојде до трагичниот крај со Тамара, зошто застанаа донациите, со која цел се организира граѓанската иницијатива, маршот „Црвен картон за Тодоров“. За помошта која е потребна за Теона, сестрата на Тамара, во ПРОЦЕС зборува нивната мајка Жаклина Димовска, заедно со Огнен Јанески новинар и Неда Чаловска од Хеласиншкиот комитет

Доминик Страус-Кан денес веројатно ќе беше претседател на Франција. Но, судбината одлучи поинаку. Судбината, неговото либидо или политиката. Тоа најверојатно нема брзо да го дознаеме. Последното судење покажа дека тој има “тешка” сексуалност но не и кривично дело. Според многу шпекулации, ДСК бил прислушуван во истрагата за да се најде скандал кој ќе ја уништи неговата политичката кариера.

На аматерско видео кое го објави британски „Гардијан“, се гледа како фановите на фудбалскиот клуб Челзи не му дозволуваат на Афроамериканец да се вози во метро во Париз, пред самиот почеток на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Париз Сент Жермен и Челзи

Студентката исчезна на 11 февруари a два дена подоцна беше најдено нејзиното тело. Според локалните медуми, девојката била силувана и потоа убиена со железен стап. Осомничен за убиството е шоферот на автобусот во кој девојката се возела враќајќи се од факултет а тој добил помош и од таткото на девојката.