Browsing: ВЕСТИ

Во часовите и деновите по соборувањето на рускиот Сухој-24 од страна на турската воена авијација се созададе еден шум од противречни коментари, искази и анализи дека турскиот лидер Таип Ердоган направил непромислен чекор, ја разбудил руската мечка и дека тој чин бил почеток на Трета светска војна и слични глупости

Во справувањето со милитантите на ИД кои ја презедоа одговорноста за неколку терористички напади и се закануваат со нови, неопходно е да се одговори и воено

За одбивањето на партиите да ги вклучат новинарите и експертите во преговорите според договорот од Пржино кои се однесуваа на медиумската сфера: Укинување на владините реклами, кратење на изборните реклами и менаџментот во МТВ и Агенцијата за аудио визуелни медиуми. Н а оваа тема дебатираат Насер Селмани и проф.Снежана Трпевска

Во ТВ дебата во студиотот на ЕП, Борјан Јовановски и Ирена Драгичевиќ од Н1 ТВ разговараа со европските пратеници за наодите на последниот извептајот за напредокот на земјите од Балканот. Гости се европратениците Иво Вајгел, Алојз Петерле и Тонино Пицула како и аналитичарката Корина Стратулат.

Проектот за изградба на најголемиот интегриран текстилен центар во Европа, во зоната во Ранковце е во мирување, соопшти компанијата „Веибо-груп“. НОВА ја реобјавува истражувачката сторија на оваа тема во која за огромната турска инвестиција се наведени сомнителни здружувања на фирми, кои се поврзуваат со бизнисменот Јордан Камчев

НОВА дојде до последните доставени документи од страна на Комисијата за хартии од вредност до Судот, меѓу кои се извадоци од десетина сведочења на поранешниот премиер Владо Бучковски, на поранешните директори на Маѓар телеком, Андраш Балог и Елек Штрауб, кои се сега обвинети за корупција на македонски функционери.

Време е за идеи, го повика Груевски својот народ, силно верувајќи дека спасот доаѓа оттаму, од животинската фарма која тој ја создал, каде сите животни се еднакви, иако, секако дека некои се повеќе еднакви од другите

Синот на Жералдин Енегиен заминал за Сирија кон крајот на 2013 година. Неговата смрт и била соопштена преку смс во февруари 2015 година. По дипломата од средно и колебајќи се дали да почне универзитетски студии, младиот човек се обидел на најде работа. Но работа не наоѓал поради слабата квалификација и, се сомнева мајката, поради неговото потекло и името – татко му е Мароканец

33 проценти од македонските граѓани веруваат дека специјалниот обвинител назначен да ги истражи сомнежните произлезени од скандалот со прислушувањето ќе спроведи независна истрага без опструкии, додека 28 проценти не веруваат во тоа. Но, која е оваа жена?