Browsing: КУЛТУРА

Формиран со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници, националниот ансамбл „Танец“ вечерва со концерт го одбележа седумдеценискиот јубилеј. Во Националната опера и балет беше претставен само дел од богата ризница што „Танец“ ја чува од основањето на 24 март 1949 година.

Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено вечер со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство…

Пред три месеци Кинотеката го промовираше ДВД изданието со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски. Меѓу бројните гости, на настанот присуствуваа и актерите од неговиот последен игран филм „Јазол“, Костадинка Велковска и Лазар Ристовски.