Browsing: ПОЛИТИКА

Состанокот претставува можност да се разменат мислења со амбасадорите на земјите членки на НАТО за остварениот напредок во процесот на евроатлантска интеграција на Македонија во рамки на Акциониот план за членство

Непредвидени и дополнителни градежни работи за реконструкцијата на фасада на Министерството за правда и дополнителни градежни активности за довршување на објектот на Кривичниот суд ќе потрошат 1.200.000 евра

Граѓанското движење „Разбуди се!“ изразува големо жалење за, како што вели, изливот на агресивност и омраза на пратеникот Беким Фазлиу, искажан од говорницата на Собранието, против најголемата организација на Албанците во Македонија од 2006 година

Во извештајот на Репортери без граници за Македонија стои дека иако земјата се зафатила со реформи што треба да ја стават на патот на Европската унија, „фасадата на демократија во изминатите неколку години не може да ги сокрие бројните прекршувања на слободата на инфомации

Во соопштението на фирмата се вели дека во текот на претходните две недели, таа била предмет на инспекција од страна на УЈП, но откако не се пронајдило ништо спорно во финансиското работење, сега е симптоматично што претставници на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат интерни документи помеѓу фирмата и ЈП Куманово Паркинг

Извори на НОВА во УЈП коментираат дека претходникот на Асани, Мухамед Ахмети, бил сменет токму поради одбивањето да ги толерира долговите на оваа фирма; тој одби да ги коментира овие шпекулации, но потврди дека до ден денешен не знае зошто бил сменет од таа функција; Ахмети бил разрешен без образложение на владина седница

Според Претседателката на советот за образование и наука во СДСМ, научната јавност кај нас, шепотејќи за тешката реалност, едвај преживува, додека развиените земји веќе ја живеат втората декада на „општества базирани на знаења“ а не на лаги

Речиси сите компании се подготвуваат до 1-ви април да ги исполнат законските обврски.
Единствено проблем има со„ Југохром“ кој нема пари за да инвестира во филтри, но Владата е таа која треба да помогне бидејќи „Југохром“ е голем загадувач, но и вработува многу луѓе, поради што неговото постоење е неопходно, изјави за НОВА Лиле Поповска, претседателка на ДОМ

Медиумите тема на средбата на премиерот Никола Груевски со претставничката на ОБСЕ за медиуми, г-ѓа Дуња Мијатовиќ, таа утре ќе одржи прес-конфернција за својата дводневна посета на Скопје

Од Анима мунди потсетуваат дека расфрлањето отрови е кривично дело и е казниво по закон и претставува предизвикување на општа опасност по здравјето на луѓето и животните, како и тоа дека овој случај приспаѓа во полициска надлежност и по повод истиот мора да се спроведе истрага

Антикорупциска да превземе мерки согласно своите надлежности заради кршење на членот 75-д од Изборниот законик од страна на градоначалникот на Скопје, господинот Коце Трајановски и весникот „Дневник“