Browsing: ПОЛИТИКА
Не е местото на САД да го решаваат спорот за името, но ги поддржуваме разговорите кои се водат под мандатот на Обединетите нации, изјави Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама
Во делот за Западниот Балкан стои дека без оглед на позитивниот развој на настаните во регионот лани, 2014-та ќе се карактеризира со длабоки етнички и политички поделби, при што ситуациите во Македонија и во Босна и Херцеговина добија назнака „особено експлозивни“.
– Бараме од Радмила Шеќеринска да го приложи договорот во кој пишува дека некој сам на себе си плаќа кирија од 5.317 евра месечно, стои во реакцијата на владејачката партија по денешната изјава на потпретседателката на СДСМ, која рече дека за разлика од ДПМНЕ таа не бега од јавноста
Девојка во едно средно училиште во Скопје, може да е петтиот случај со мали сипаници. Епидемиолозите стравуваат болеста да не се рашири меѓу децата, со што би можело да дојде до епидемија, но дека државата нема капацитет да се справи со ваква ситуација
Зголемен бројот на пациенти, работење на лекарите под притисок, апаратите откажуваат во градската општа болница „8-ми Септември“, потенцираше денеска пред новинарите, директорот на здравствената установа, Сашо Стојчев, давајќи отчет за досега сработеното
Покрај главниот и одговорен уредник Коле Чашуле, дел од комисијата е и познатата водителка на забавни емисии Ирена Спировска. Со нив во петчлената комисија е и продуцентот во Алфа, Тони Ристов, сметководителот Хари Михајловски, како и претставникот на техничкиот дел Владо Арсов
Потпрестедателката на СДСМ надополни дека вистината ќе излегува на виделина секој ден, и дека власта е нервозна бидејќи таа нема скриени средства, и доколку ги имала, изминативе осум години таа осум пати ќе била во затвор
Во две години, 2011 и 2012 година, Латас дошол до два стана вредни 250 илјади евра – едниот на подарок, другиот го купил, објави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Јавноста бара прецизен одговор. Каков е тој стан кој во Скопје кој може да се издаде за 5.317 евра месечно?, повторно Димовски ја праша Шеќеринска
Директорот на КПУ Идризово Живко Пејковски во изјава за НОВА вели дека затвореникот Тони Мицајков не е во бегство, туку е пуштен на слобода, се до април 2014. МВР ја демантира информацијата на некои медиуми дека по поранешниот директор на Прилепскиот Тутунски комбинат е распишана потерница
Портпаролот на Владата на РМ, Александар Ѓорѓиев без одговор на прашањето на НОВА како одлуката на Врховниот суд во Индија да не ја напушта земјата, ќе влијае на инвестициите кои Субрата Рој ги најави во Македонија
Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за да ја оценува постапката за носење на буџетот за 2013 година, кога од собраниската сала беа исфрлени пратениците од опозицијата, а од галеријата новинарите, владеачкото мнозинство по инцидентите го изгласаа новиот буџет















