Browsing: ПОЛИТИКА

Околу 136 вработени ќе се оценуваат во телевизија Алфа. Превработеноста дојде со новите сопственици, а кој ќе се брка и според какви критериуми останува да се види, вели за НОВА, претставникот на синдикатот во телевизијата, Љубиша Арсиќ

АЕК ги крие дебелите плати на директорот и комисијата. Откако НОВА откри дека во Агенцијата за елеконтронски комуникации просечната бруто плата по вработен е речиси како премиерската и претседателската, менаџментот одбива да ги каже платите правдајќи се дека немале обврска да му кажат на народот

Според претседателката на ААМ, со одлуката советите на општините да одлучуваат за доградба, надградба и реконструкции на објекти во закон влегува законско непочитување на професионалноста

Советот за етика при Здружението на новинарите на Македонија порачува дека медиумите не смее да се претворат во алатки за војување, поттикнато од последните конфронтации меѓу новинари

Според податоците од Централниот регистар за билансната состојба на активната фирма „Тотал Марекетинг“ ДООЕЛ Скопје, каде управител е уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ- Латас во 2011 година направил вкупен обрт од 264 илјади евра, а
2012 влегле 242 илјади евра, објави Шилегов

Додека во здравството се распишуваат тендери, се набавува софистицирана и скапа медицинска опрема, болниците во внатрешноста се распаѓаат. Болничките соби, креветите, тоалетите се останати од некои минати времиња и во себе кријат опасност од зараза со болнички бактерии

Дезинформација е дека при вчерашната посета на министерот за одбрана Талат Џафери на Атина, неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос го прекинал интонирањето на македонската химна, изјавија за НОВА од македонското Министерство за одбрана

Приклучувањето на Република Македонија кон Јужен тек, претстојната гасификација на земјата, а кое е резултат токму на заложбите и посветеноста на властите од двете земји, претставува добра основа во таа насока, стои во писмото на претседателот Иванов до Путин

Најголемиот дел од националните медиуми за натпреварувачката Фифи пишуваа во машки род, можеме да видиме статии во кои се користат и машкиот и женскиот род при пишувањето за Фифи, потенцира Хелсиншкиот комитет

Рестриктивноста и ригидноста на ваквата социјална политика најмногу ја чувствуваат социјално-ранливите категории на граѓани, кои се вовлечени во административниот лавиринт без никаква поддршка и заштита од страна на надлежните институции, заклучуваат од Хелсиншкиот комитет