Browsing: ПОЛИТИКА

Вака експлицитно изразен став од вака високо ниво немало во историјатот на процесот на решавањето на спорот за името. Германија на овој начин пред се, става до знаење дека презема голема одговорност за здравјето на сојузот, како на ЕУ така и на НАТО

Иницијатива со идеен проект до општина Аеродром за изградба на македонски православен крст, Светскиот македонски конгрес ќе ја достави до крајот на годината, а во рамки на одбележувањето на 2000 годишнината од христијанството

Глувите ќе останат до полноќ како знак на револт, против претседателот на Сојузот Васко Марков,а изутрина во 7 часот ќе бидат повторно пред Даре Џамбаз. Протестот ќе трае се додека Марков не си поднесе оставка

Пациент од Демир Хисар, утрово во 4 часот се пожалил на болки во горниот абдомен и со симптоми на гадење, бил прегледан и препратен да прими инфузија. Откако состојбата му се подобрила, бил пуштен дома, каде починал. Вториот пациент бил пронајден во кома во дворот на болницата. Раководсвтво ја исклучува можноста смртта да настапила од инфузијата

Советниците во општина Центар на ВМРО-ДПМНЕ бараат нов претседавач, велат спремни се да го прифатат било кој предлог на Жерновски; СДСМ дециден: Шиповиќ е волја на граѓаните, однесувајте се конструктивно

Пет дена трае молкот на Комисијата за спречување на корупцијата. Молчат и не реагираат дури ни на признанието на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, дека во својот анкетен лист направил „техничка грешка„ тешка над 700.000 евра!“, истакна Ивановски

Предвидувањата на ЕК велат дека странските директни инвестиции добиваат импулс откако опаднале мината година и се очекува да пораснат до 3 отсто од домашниот бруто производ (ДБП) до крајот на годината. Овој пораст ќе помогне да се ублажи порастот на странски задолжувања со кои се финансира дефицитот во земјата.

Жерновски посочи и дека вчера имал средба со сопругата на Шиповиќ на која се разгледувале сите можности претседавачот на Советот на општина Центар да се брани од слобода за да може да присуствува на седниците

Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна на краток разговор во Берлин со Метју Нимиц, посредникот во македонско-грчкиот спор. Меркел и Нимиц се согласиле дека пречките, ако постои политичката волја, се надминливи