Browsing: ПОЛИТИКА

Не сакам да давам никакви предвидувања, но сакам да нагласам дека верувам оти може да се постигне заемно прифатливо решение за прашањето за името доколку двете страни се потрудат, рече грчкиот амбасадор Харис Лалакос

Со паролите „Стоп за заканите од претседателот на Сојузот на глуви“, „Бараме оставка од диктаторот Васко“, глувите лица уште еднаш го изразија својот револт, на како што рекоа лошото работење на Марков и немањето контрола врз неговата работа

На прашањето дали има етничко профилирање во Македонија комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс вели дека видел знаци дека тоа се случува на границите. “Властите тоа го негираат но треба да обрнат повеќе внимание на политиките кон Ромите и јасно е дека тие политики имаат големо влијание врз нив”.

Утрово во Скопје почина Снежана Османли, долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров и една од најзначајните политички фигури на Македонија

Со едноставна и економична интервенцијата, преку гаснењето на автомобилите додека се чека на семафор ќе се намали загаденоста на воздухот во Скопје за 40% објави на својот веб сајт меѓународниот проект Хелтгрупер

Поради недоставување на Изјава за приходи веднаш по рокот за пререгистрација, во април дури 120 255 невработени останале без здравствено осигурување, што е половина од вкупниот број невработени во земјава

– Не беше знак на револт или нешто лично. Напротив, јас ги почитувам заедничката држава и работата на Груевски како премиер, потенцирал Таулант Цапа на „прошталната“ средба со Премиерот на Македонија, кому му се извини

– Има ли нешто што Стевчо Јакимовски ветил, а не остварил? Нема! Затоа и ужива толкав рејтинг кај своите сограѓани, реагира градоначалникот на општина Карпош откако од СДСМ побараа одговор „ Каде е паркот што требаше да чини половина милион евра?“

Претседателот на кривичниот суд ги повикува новинарите сами да истражеле од каде протекле документите за случајот Кежаровски во одбрани медиуми на таен брифинг од кој самиот суд се огради.