Browsing: ПОЛИТИКА
Компаниите да посветат поголемо внимание во делот на безбедноста при работа и да си ги заштитат работниците.; тоа не претставува трошок туку вложување во животот на работниците, апелираат од Стопанската комора на Македонија
Пронајдени патогени бактерии во три од седум примероци земени од храната во кујната на градинката Сончоглед, покажале последните резултати добиени од Центарот за јавно здравје. Кујната останува затворена се до исполнување на санитарно хигиенските мерки
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за НОВА со детали за планот на ДУИ за претседателските избори: Најави заеднички кандидат претседател со коалициониот парнер, а доколку не успеат преговорите, со СДСМ, односно со другите партии. Тука спаѓа и одлуката дали би бил Македонец, Албанец или од друга етничка припадност
Според Папуљас, постои потреба да се најде име кое ќе биде прифатливо за сите, со точна географска одредница; според тиранскиот весник „Шекули“, со тоа претседателот на Грција, ја поддржува иницијативата за името „Славо-албанска Македонија“
Ивон Величковски од Либералната партија побара забрана на употребата на знамето со сонцето од Вергина на јавни настапи, партиски митинзи, спортски натпревари и на сите манифестации од јавен карактер
Јани Макрадули од СДСМ побара одговори на повеќе прашања за тоа зошто и за какви цели се трошеле пари од буџетот. СДСМ бара конретни одеговри. За Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Макрадули изгубил на изборите и нема легитимитет
Комисијата за верификација на факти, го лустираше починатиот Љубомир Варошлија, екс-министер за полиција во поранешниот социјалистички систем, дознава НОВА
СДСМ го прашува Јакимоски: Дали бизнис – коалициските интереси со ВМРО-ДПМНЕ се вистинската причина што го доцните паркот во Влае?
„Дали тоа ќе биде кула за мониторинг, како што е декларирана или ќе биде предавателен пункт за радиодифузија и други комуникациски уреди и служби? Какви што информации има во јавноста!?“, праша на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски
Третиот екстерен предмет, кој за годинашните матуранти ќе биде по избор, од идната година ќе биде задолжително математика за гимназијалците, а по две години и за матурантите од средните стручни училишта
Во решавањето на спорот за името македонската влада ќе биде принудена на непријатен и неоснован компромис, но, во дипломатијата мора да се прескокне преку сопствената сенка, вели за ДВ, проф. Улф Брунбауер
Според Светската здравствена организација регионов се смета како ризичен за ширење на полио вирусот од Сирија














