Browsing: ПОЛИТИКА

Осомничените 06.04.2011 год. на противправен начин со изготвување на документ-испратница која не е сметководствено евидентирана, дозволиле стоката на залиха да биде изнесена од АД„Машинопромет“ и предадена на правното лице „Ин-Ком“.

Како се случи компјутерот да извлече вработувања за најголем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Голем дел од луѓето кои добиле работа, не постојат, реше пред новинарите Локвенец од СДСМ

„Немам загрозено ничиј живот, само ја извршував својата новинарска работа. Преку моите текстови открив како функционира судството и како функционираат структурите во МВР. Ниту еден текст напишан во „Репортер 92“ не беше демантиран“, изјави Кежаровски

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин изјави дека е оптимист оти во блиска иднина ќе биде постигнат сериозен напредок во врска со договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија

Обидот на СДСМ да го амнестира Мирослав Шиповиќ пред за тоа да се произнесат надлежните органи претставува преседан и е неоправдано, соопшти пред новинарите Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар

Заборавена е иницијативата на ДКСК за кривичен прогон на директорот на ова претпријатие, Жарко Караџоски, поднесена пред речиси 2 години, во врска со можна злоупотреба на средствата на „Македонски шуми“, соопштува ТМ

ВМРО-Народна партија со неверување, зачуденост и крајна резигнираност ја прими веста дека еден од годинашните лауреати за највисоко признание 11 Октомври и тоа во областа на науката и образованието е господинот Срѓан Ќерим