Browsing: ПОЛИТИКА

Без претходно да не информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма, што е недозволиво и спротивно на сите етички, морални, но и законски норми

Министерката Гордана Јанкуловска на прашањето дали постои можност да се екстрадицира новинарот Зоран Божиновски, за кој се шпекулира дека е осомничен во полициската акција „Шпион“, нагласи дека тоа е одлука на судот

Иако за архоелошките ископувања и за потрага по скриено богатство важат различни правила, секој таков потфат треба да се пријави и да се регистрира како таков, велат за НОВА познавачите на оваа проблематика

Љупчо Зиков, еден од основачите на Позитивна Македонија најавува можност за затворање на Железара, доколку се покаже дека не е исплатливо да се запре загадувањето, во контекст на барањето на премиерот Груевски загадувачите- фабрики да преземат мерки, затоа што ќе бидат затворени.

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, како што јавува МИА, в понеделник во Њујорк ќе се сретне со посредникот на Обединетите нации за грчко македонскиот спор за името Метју Нимиц

Акцијата „Диригент“ е голем удар врз наркомафијата и претставува пример за сите во регионот, но и во Европа, како треба да се бориме против сериозниот меѓународен криминал, изјави министерката Гордана Јанкуловска

Ова е голема одлука за Советот, за граѓаните на Велес. На тој простор, повеќе не ќе може да функционира Топилницата или било која тешка и загадувачка индустрија, појасни Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес

Опозицијата избрзано реагираше на приведувањата во акциите на МВР „Шпион“ и „Диригент 2“ и на прес-конференција ги прогласи за политички и партиски уште пред да биде соoпштено кои се причините за апсењата, оцени премиерот Никола Груевски

Случаите со тендерите во Струмица што ги добивале членови на најблиското семејство на лидерот на СДСМ и градоначалник на општината Зоран Заев потсетуваат на октоподот на Бранко Црвенковски, изјави денеска премиерот Никола Груевски