Browsing: СПОРТ

Истражителите во извештајот дека се лажирани две средби во 2015 година во квалификациите за Лигата на шампиони од кои една против Динамо Загреб, а една против северноирски Крусејдерс, како и два меча во во истата година во УЕФА Европа лигата против Спортинг Лисабон и против Локомотив Москва. За посочените натпревари е наведено дека фудбалерите на Скендербег „играа исклучително сомнително во одбрана“ и „незаинтересирано и без труд“

Легендарниот српски фудбалер и член на шампионската генерација на Црвена звезда од 1991 година на прес-конференција во Италија објави дека боледува од агресивна форма на леукемија, но најави борба до конечна победа

До првиот трофеј на лондонската трева, втор гренслем во нејзината кариера по Ролан Гарос во 2018 година, Романката стигна експресно и на импресивен начин. Конечни 6:2, 6:2 за 27 годишната девојка од Констанца која ја надигра Американката како ретко која нивна колешка досега

Зрињски славеше со 3:0 на арената „Тоше Проески“ за потврда на фаворитската улога во двомечот со пандевци, Алашкерт,, пак, со 3:1 ги совлада ѓорчепетровци чии, какви-такви, надежи за второ коло задржа Ален Јашароски со голот во 52. минута. Шкупи претходно во Ереван одигра 3:3 со Пјуник

Серена Вилијамс во шестиот настап во комплексот на „All England Club“ ја совлада Барбора Стрицова со 6:1, 6:2 за 11 финале во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на седми трофеј или вкупно 24 на гренслем турнирите. Симона Халеп, пак, за првпат ќе игра во финале на Вимблдон во кое ќе брка втора гренслем титула по освоената на Ролан Гарос во 2018 година, откако во полуфиналето ` препушти само четири гема на Елина Свитолина од Украина (6:1, 6:3)

Двоен стрелец за чаирчани беше капитенот Муарем Бајрами во 26. минута и во 60. минута, третиот гол, втор во меч го постигна Дарко Илиески во 43. минута. Ерменците во последните десетина минути успеаја до два гола за реми пред реваншот во Скопје што е закажан за наредниот четврток од 20.30 часот

Покрај јадранската лига, место во Евролига губи и ВТБ лигата како и шпанското и германското првенство. Од сезоната 2020/21 во Евролига ќе играат 11 екипи со А лиценца, француски Асвел Вилербан и Баерн Минхен кои имаат двегодишни вајлд карти, победникот и финалистот во Еврокупот и три клуба кои ќе добијат специјални покани

Романката, која во Лондон настапува како седма носителка, во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина со убедливи 6:1, 6:3 за еден часа и 12 минути игра. За титулата ќе игра против подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка

Чешката тенисерка во четврт-финалето ја порази Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1, Американката беше подобра од сонародничката Алисон Риск со 6:4, 4:6, 6:3. Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Денеска ќе познати и машките полуфиналисти на „All England Club“. Ѓоковиќ ќе игра против Гофан, Федерер со Нишикори, Надал со Квери, а Пелја со Баутиста Агут

Белградските „црвено-бели“ одиграа 0:0 на гостувањето во Литванија додека, пак, претставникот на БиХ чиј капитен е Крсте Велкоски загуби пред своја публика од шкотскиот гигант со 1:3