Академија Пандев ќе патува во Мостар на формален реванш со Зрињски, Македонија Ѓ.П. има активен резултат за возвратните 90 минути против Алашкерт, а во најдобра позиција е Шкупи во двомечот со Пјуник. Ова се карактеристиките по премиерните настапи на македонските фудбалски клубови во воведното коло квалификации за Лига Европа.

Струмичкиот прволигаш со горчливо искуство од дебитантскиот настап на меѓународната сцена. „Пандевци“ загубија со убедливи 0:3 во Скопје од Зрињски што не даваат никаква надеж пред гостувањето во Мостар. Тимот од БиХ со три гола на арената „Тоше Проески“ ја потврди фаворитската улога што ја носеше и пред мечот.

Хаџиќ во 12. минута, Мандиќ во 28. минута и Говедарица во 55. минута ги отстранија дилемите околу победникот во мечот, па ако сакате и во двомечот и релаксирано ќе одбројуваат до возвратниот натпревар, а патем ќе размислуваат и за Утрехт кој е ривал за подобриот во втората рунда.

Македонија Ѓ.П., пак, ќе мора да брка два гола минус во реваншот со Алашкерт чии играчи славеа со 3:1 како домаќини во првиот меч. Каква-таква надеж за ѓорчепетровци сочува Ален Јашароски со реализацијата во 52. минута по додавање на Дејан Тантуровски. Никита Танков во 16. минута, Данило Секулиќ во 66. минута и Баинор (автогол) во 82. минута беа творци на триумфот на ерменскиот состав. Севкупниот победник од двомечот во наредното коло ќе игра, најверојатно, со романски ФЦСБ (поранешна Стеауа) кој има 2:0 по првиот меч со молдавски Милсами.

Во Ереван во првото коло гостуваше и тимот на Шкупи кој одигра 3:3 со Пјуник. Два гола за чаирачни постигна Муарем Бајрами кому во листата на стрелци се придружи и Дарко Илиески.

Квалификации за Лига Европа

1 коло, први мечеви

Стјарнан (Исланд) – Левадија Талин (Естонија) 2:1

Бреидаблик (Исланд) – Вадуц (Лихтенштајн) 0:0

Широки Бријег (БиХ) – Каират (Казахстан) 1:2

Хонвед (Унгарија) – Жалгирис (Литванија) 3:1

Сент Патрик (Р. Ирска) – Норчепинг (Шведска) 0:2

Корк сити (Р. Ирска) – Нидеркорн (Луксембург) 0:2

Клифтонвил (С. Ирска) – Хаугесунд (Норвешка) 0:1

Абердин (Шкотска) – Рованиеми (Финска) 2:1

Зета (Ц. Гора) – Види МОЛ (Унгарија) 1:5

ФЦСБ (Романија) – Милсами (Молдавија) 2:0

Европа (Гибралтар) – Легија Варшава (Полска) 0:0

Дунајска Стреда (Словачка) – Краковија (Полска) 1:1

Чукарички (Србија) – Банантс (Ерменија) 3:0

Олимпија Љубљана (Словенија) – Ригас (Летонија) 2:3

Конах (Велс) – Килмарнок (Шкотска) 1:2

Фола Еш (Луксембург) – Чикура (Грузија) 1:2

Сперанта Ниспорени (Молдавија) – Нефчи (Азербејџан) 0:3

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Хибернијанс (Малта) 1:0

Радник Бијелина (БиХ) – Спартак Трнава (Словачка) 2:0

Молде (Норвешка) – Рејкјавик (Исланд) 7:1

Малме (Шведска) – Балимена (С. Ирска) 7:0

Макаби Хаифа (Израел) – Мура (Словенија) 2:0

Кауно Жалгирис (Литванија) – Аполон (Кипар) 0:2

Лиепаја (Летонија) – Динамо Минск (Белорусија) 1:1

Динамо Тбилиси (Грузија) – Енгордани (Андора) 6:0

Дебрецин (Унгарија) – Кукс (Албанија) 3:0

Крусејдерс (С. Ирска) – Б36 (Фарски Острови) 2:0

Брондби (Данска) – Интер Турку (Финска) 4:1

Бран (Норвешка) – Шамрок роверс (Р. Ирска) 2:2

Академија Пандев (С. Македонија) – Зрињски (БиХ) 0:3

Ружомберок (Словачка) – Левски (Бугарија) 0:2

Ритеријаи (Литванија) – Клаксвик (Фарски Острови) 1:1

Балзан (Малта) – Домжале (Словенија) 3:4

Сабаил (Азербејџан) – Универзитатеа Крајова (Романија) 2:3

КуПС (Финска) – Витебск (Белорусија) 2:0

Флора Талин (Естонија) – Раднички Ниш (Србија) 2:0

Нарва Транс (Естонија) – Будуќност (Ц. Гора) 0:2

Лачи (Албанија) – Хапоел Бер Шева (Израел) 1:1

АЕК Ларнака (Кипар) – Петрокуб (Молдавија) 1:0

Алашкерт (Ерменија) – Македонија Ѓ.П. (С. Македонија) 3:1

Вентспилс (Летонија) – Теута Драч (Албанија) 3:0

Ордабаси (Казахстан) – Торпедо Кутаиси (Грузија) 1:0

Пјуник (Ерменија) – Шкупи (С. Македонија) 3:3