Browsing: СПОРТ

„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта

Македонскиот репрезентативец не беше во протоколот за мечот на Динамо Загреб против Бенфика во Лига Европа поради повреда на стомачниот ѕид што ја влече подолг период и нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелите против Летонија и против Словенија во квалификациите за ЕП 2020

Прекинот на шампионатот е последица на напад врз арбитар, па неговите колеги, во знак на солидарност, се решија за бојкот се додека не биде задоволено нивното барање за соодветна заштита на стадионите

Раководството на „волчицата“ реагираше експресно и веднаш по враќање на екипата од Португалија му врачи отказ на тренерот. Заклучокот е повеќе од јасен – исцрпени се сите кредити и римјаните немаат перспектива со членот на генерацијата која во 2001 година освои „Скудето“

„Модрите“ на „Максимир“ ја совладаа Бенфика со 1:0 со голот на Бруно Петковиќ од пенал во 38. минута, Рен, пак, ги совлада „топчиите“ со 3:1 во првите осминафинални дуели. Реваншите се закажани на 14 март

Алесандро Флоренци повлече противнички фудбалер што за турскиот арбитар Чакир, по прегледување на ВАР снимката, беше причина да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Алекс Телјеш во 117. минута

По денешните медицински прегледи, „кралскиот“ клуб соопшти дека настрадале тибиофибуларните лигаменти кај Бразилецот што наложуваат интензивна терапија и мирување до почетокот на мај

По триумфот на Светското клупско првенство, Реал Мадрид останува без шанси за нов трофеј до крај на сезоната. Барселона го исфрли од Купот на Шпанија во минатата недела, Каталонците имаат недостижни 12 бода предност во домашното првенство, а вечерва останаа и без Лигата на шампиони

Холандскиот првак ги понижи „кралевите“ на „Бернабеу“ со 4:1 и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампиони. Тотенхем се потврди меѓу најдобрите осум со триумф над Борусија и во Дортмунд со 1:0. Утревечер нови два реванш натпревари во Лигата на шампиони. Екипата на ПСЖ го дочекува Манчестер јунајтед со големи 2:0 0д првата средба на „Олд Трафорд“ додека Порто на „Драгао“ ќе биде домаќин на Рома. Римјаните имаат 2:1 од „Олимпико“