Browsing: СПОРТ

Капитенот на португалската репрезентација, наведуваат медиумите попладнево, на крајот ја прифатил вината и прифатил спогодба со шпанските даночни власти кои го обвинија за оштетување на државната каса за 14,7 милиони евра по основа на затајување на данок

Двапати меѓусебно играа на Светските првенства во футсал во 2012 година и во 2016 година, во 2014 година се судрија и интернационален турнир на песок, а попладнево (17 ч.) на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, Мароканците и Иранците за првпат во историјата ќе се пресметаат и на тревната подлога

За „фараоните“ денешниот меч ќе биде премиерен на големата сцена по речиси три декади, „ла селеста“, пак, се надева на прекинување на серија без победа во првите мечеви на мундијалите по 48 години. Мечот на „Екатеринбург арена“ е од 14 часот

„Зборнаја команда“ во воведниот меч на стадионот „Лужники“ ги декласира Саудијците со 5:0 (2:0) за враќање на насмевките на лицата на играчите, но и за самодоверба пред преостанатите два дуела со Уругвај и со Египет во групата А

Заедничката кандидатура на северноамериканско трио ја поддржаа 134 делегати на денешниот 68. Конгрес на ФИФА во Москва. Апликацијата на нивниот противкандидат Мароко доби 65 гласа додека еден член се изјасни против. Фудбаллскиот турнир по осум години ќе биде прв со 48 репрезентации, финалето ќе биде во Њу Џерси

„Триколорите“ ја освоија единствената, засега, мундијалска титула на свој терен во 1998 година. Загубија од Италија на пенали во финалето на СП 2006, а загубија и во финалето на ЕП 2016. Овојпат се решени да одат до крај за што, несомнено, имаат капацитет за такво нешто и се вбројуваат меѓу топ фаворитите за тронот ова лето

Пласманот на фудбалската репрезентација на мундијалот во Русија ја активира мобилната апликација за потреси во главниот град на што од сеизмолошката служба набрзо стигнаа смирувачки тонови дека почвата е мирна, а вклучениот аларм веројатно се должел на возбудата што ја зафати земјата